06 Октомври, 2024
0.0327

Лагард: Грција не може да биде спасена само со кревање на даноците

Објавено во: Балкан, Економија 24 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Грција треба да претстави сериозни планови за реформите и тие не може да се базираат само на ветувањата за повеќе собири од даноците, изјавил генералниот директор на ММФ Кристин Лагард во интервју објавено од француското списание „Challenges“.

Според неа обновата на грчката економија бара не само реформи во Атина, туку и чекори од европските кредитори, за да стане одржлив грчкиот долг. Лагард изјавила дека не сака Грција да ја напушти еврозоната и не верува во експлозија на еврозоната. Но, таа инсистирала дека Грците „не може да ја градат својата програма само на ветувања дека ќе соберат повеќе приходи од даноците, како што слушнавме тоа во последните 5 години имало многу малку реални резултати“. Шефот на ММФ учествува на состаноците во Брисел со премиерот Алексис Ципрас, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, гувернерот на Европската централна банка Марио Драги и претседателот на Еврогрупата Јерун Деиселблум. Пред да се состанат со грчката делегација, тие одржале состанок во проширен формат со министрите за финансии на водечките економии од еврозоната за изработка на единствена позиција. Неколку извори посочуваат дека Лагард го поддржувала лошиот тон кон Грците, бидејќи не им верува дека ќе успеат да ги соберат приходите од даноци, кои ги ветуваат. Во Берлин висок германски претставник изјавил дека неговата земја не замислува како може да има договор „помош против реформи“ без согласност на ММФ, бидејќи има потреба од средствата и експертите на Фондот. Ципрас изгледаше напнато при пристигнувањето во Европската комисија, влезе во подземната гаража, за да ја избегне средбата со камерите и новинарите. Тој, изгледа, не добива одек на едно од основните барања на кои инсистираме - да се зборува за олеснување на дел од грчкиот долг. ММФ изгледа подготвено да прифати таков чекор, но еврозоната и особено германската канцеларка Ангела Меркел велат категорично дека го исклучуваат простувањето на долговите на грчкото пријателство. Грција и нејзините кредитори меѓусебно ги отфрлија последните предлози за решавање на должничката криза. Според критичарите на грчкиот приод да се креваат даноци тоа само ќе доведе до уште едно повторување на истата грешка и неможноста Грција да прекине со помошните програми наместо да застане на нозете, да ја реформира својата економија и да постигне одржлив раст. Како одговор, кредиторите испратиле контра договор, но тоа брзо бил отфрлен од Грците, инсистирајќи дека топката сега е во полето на Европејците. „Во таков случај што се собираат да дискутираат, откако секоја од страните го отфрли планот едни на други“, прашала Кери Хоуп од „Financial Times“. Уште пред тоа Ципрас напишал на својот профил на „Твитер“ дека „чудната позиција изгледа демонстрира дека или нема интерес од договор, или се поддржат посебни интереси. Постојаното повторување на исти мерки од одредени институции не се случило никогаш порано - ниту со Ирска, ниту со Португалија“. [embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/tsipras_eu/status/613655941289013248[/embed] [embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/tsipras_eu/status/613655990156828672[/embed]

Еврогрупата може да заседава до раните утрински часови од четвртокот, во обид да достават барем некаква заедничка платформа на лидерите на Европската унија, кои се собираат на 25 јуни приквечер за редовниот Европски совет во Брисел.

Тоа брзо го промени оптимизмот на пазарите од понеделникот за престојниот договор со Атина и во средата грчкиот берзански индекс падна за 4.4%, главно поради поевтинувањето на банките во рок од 9-12%. Профитабилноста на грчките државни обврзници со рок на достасување во 2017г. ќе надмине 22%, а каматата на 10-годишните наближи 11%.

Можеби ќе ве интересира

ВО БОСНА ИЗВЛЕКОА ДЕТЕ ЖИВО И ЗДРАВО ОД ПОД ПЛОЧА ТЕШКА ДВА ТОНА, по исчезнатите трага и кучето Зара

ВО БОСНА ИЗВЛЕКОА ДЕТЕ ЖИВО И ЗДРАВО ОД ПОД ПЛОЧА ТЕШКА ДВА ТОНА, по исчезнатите трага и кучето Зара

ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ АВИОН НА ЕР СРБИЈА: Ги носи боите и ознаките на EXPO 2027 и голема порака до светот

ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ АВИОН НА ЕР СРБИЈА: Ги носи боите и ознаките на EXPO 2027 и голема порака до светот

БАЛКАНОТ БРОИ И ЖРТВИ И МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ: Три дена жалост во Босна

БАЛКАНОТ БРОИ И ЖРТВИ И МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ: Три дена жалост во Босна

ЕДЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО БИХ: Отворени телефонски линии

ЕДЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО БИХ: Отворени телефонски линии

СО ГОЛИ РАЦЕ КОПААТ ПО УРНАТИНИТЕ ВО БОСАНСКА ЈАБЛАНИЦА: Новинарката Дамира Ибрановиќ со детали за Фактор

СО ГОЛИ РАЦЕ КОПААТ ПО УРНАТИНИТЕ ВО БОСАНСКА ЈАБЛАНИЦА: Новинарката Дамира Ибрановиќ со детали за Фактор

АПОКАЛИПСА, ПОВЕЌЕ ОД 20 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО БИХ: Деканот на ПМФ ја открива вистинската причина за катастрофата во Јабланица

АПОКАЛИПСА, ПОВЕЌЕ ОД 20 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО БИХ: Деканот на ПМФ ја открива вистинската причина за катастрофата во Јабланица

(ВИДЕО) БОСАНСКИ СПАСУВАЧ Е ПОТРЕСЕН: Раскажа како спасиле дете чии родители починале на лице место

(ВИДЕО) БОСАНСКИ СПАСУВАЧ Е ПОТРЕСЕН: Раскажа како спасиле дете чии родители починале на лице место

ПОПЛАВИ ЈА ЗАФАТИЈА И АЛБАНИЈА: Во Тирана улиците се под вода, има паднати дрвја

ПОПЛАВИ ЈА ЗАФАТИЈА И АЛБАНИЈА: Во Тирана улиците се под вода, има паднати дрвја

(ВИДЕО) БОСАНЕЦ ГО ЗАГУБИ СИНОТ ВО ПОПЛАВИТЕ: Раскажа што се случило во рок од 15 минути

(ВИДЕО) БОСАНЕЦ ГО ЗАГУБИ СИНОТ ВО ПОПЛАВИТЕ: Раскажа што се случило во рок од 15 минути