19 Декември, 2025
0.1468

Лагард: ММФ ќе и помогне на Грција, ако земјата го побара тоа

Објавено во: Балкан 06 Јули, 2015 19:20

Добивај вести на Viber

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард изјавила дека финансиската институција ќе и помогне на Грција, ако од неа биде побарано тоа.

„Меѓународниот монетарен фонд го предвиде вчерашниот референдум одржан во Грција. Ние ја гледаме ситуацијата од близу и сме подготвени да и помогнеме на Грција ако бидеме прашани за тоа“, изјавила Лагард во соопштението.

Нејзината изјава доаѓа само еден ден откако во Грција се одржа референдумот на кој гласачите ги отфрлија предлозите за реформите на меѓународните кредитори во замена на нови средства.

Грците рекоа „не“ на условите на меѓународните кредитори на вчерашниот невиден референдум - прв од 1974 година во земјата и прв воопшто по прашања од интерес за грчката економска политика.

Денес министрите од Еврогрупата изјавија дека очекуваат нови предлози за реформите од Владата во Атина за време на состанокот утре.

Ова се вели во нивно соопштение, ден откако Грција ги отфрли на референдум предлозите на кредиторите за реформите во замена за нови средства за земјата.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен