Добивај вести на Viber
Од Меѓународниот монетарен фонд не планираат да бараат уште кастрења на платите и пензиите и нови мерки за штедење од страна на Грција, вели директорка на ММФ Кристин Лагард. Како што изјави таа од Вашингтон, дури и да се појави ваква потреба, нема да биде во форма на нови буџетски мерки или општи или недиференцирани кастрења на плати и пензии.
Потребата од уште пари за Грција беше спомената во повеќе наврати. Ова ги поддгреа најавите дека тројката меѓународни кредитори ќе побара нови буџетски кастрење во Грција. Сега кредиторите спроведуваат нова ревизија на грчките финансии, по што ќе одлучуваат дали ќе ја блокираат новата транша помош одобрена лани , а за која услов е грчката влада да спроведе драстични мерки на штедење.
ММФ и ЕУ објавија мал прекин во преговорите со грчката влада повикувајќи се на технички причини пред еден месец кога Лагард кажа дека е прерано за да може да се зборува за заклучоците од мисијата и за написите во грчките медиуми дека ММФ ќе побара нови заштеди во износ од 6,7 милијарди евра до 2016 година.
Според Лагард, ситуација „ќе биде подобра" од предвидената, а земјата ќе го оствари примерниот суфицит оваа година, без каматата на долговите.Таа додаде дека нема причина да се сомнева дека Европејците, како што е и предвидено, ќе ја исплатат дополнителната помош за Грција во 2014 година за да го ублажи својот долг.