Лани 8.248 прекршочни постапки за Законот за јавна чистота
Објавено во: Мои пари 14 Февруари, 2013 14:48
Околу 8.249 барањаза поведување прекршочни постапки од надлежни органи за прекршувања на Законот за јавна чистота, примилоМинистерството за транспорт и врски во текот на минатата година.
Од поднесените барања, поголемиот дел се однесуваат за недозволено продавање индустриски производи, фрлање отпушок од цигара на јавна површина и пренесување товар без претходна подготовка.
Според Министерството комисиите за одлучување по прекршоци донеле 1.849 решенија за запирање на постапката поради доставена потврда за извршена општокорисна работа како замена за изречена глоба или доставена уплатница за платена глоба. Поголемиот број од решенијата за запирање на постапката се донесени по доставена потврда за извршена општокорисна работа.
По Законот за јавна чистота постапуваат овластените органи преку општинските комунални инспектори, општинските комунални редари и униформираните полициски службеници. Надзорот на спроведувањето на Законот за јавна чистота го врши Државниот комунален инспекторат при Министерството за транспорт и врски. Формирани се и функционираат шест комисии за одлучување по прекршоци од областа на јавната чистота.
Согласно Законот за јавна чистота, предвидено е на физички лица да им биде изречена глоба во износ од 50 евра во денарска против вредност доколку фрла отпадоци, отпушоци и други предмети, односно во ходниците на јавните објекти и доколку на јавни објекти испишува графити, црта или лепи плакати. Субјектите на кои им е изречена санкција за прекршување на законските одредби, можат да одберат порамнување на глобата со извршување на општокорисна работа.
Собранието го усвои Законот за јавна чистота во 2008 година. Целта на Законот е доближување на Република Македонија до светските стандарди и позитивните практики во земјите од Европската Унија кои се однесуваат на работата на јавните комунални претпријатија и одржувањето на јавна чистота. Законот содржи решенија преку кои јасно се поделени надлежностите меѓу институциите и субјектите кои се задолжени за одржувањето на јавната чистота на јавните површини и одржувањето на јавната чистота на отворените површини на јавните објекти како и меѓу субјектите кои ќе вршат контрола во поглед на спроведувањето на одредбите од Законот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност





