25 Ноември, 2024
0.0278

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

Објавено во: Економија 18 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Добивката лани не само што беше добра, туку беше и најдобра во сите изминати години, но акционерите на најголемата лебна компанија во земјава нема да земат дивиденда.

За жал, целиот чист профит од 331 илјади евра кој „Жито лукс“ го оствари од минатогодишното работење, ќе оди за покривање на загуби од претходните години.

Таква одлука се очекува да се донесе на седницата на Собранието на акционери на ова акционерско друштво, која е најавена за 17 мај оваа година.

Една од предлог одлуките за која треба да гласаат акционерите е да се усвои годишната сметка на компанијата за ланската година, а чии биланс на успех говори дека во 2023 година „Жито Лукс“ остварил вкупни приходи од близу 20 милиони евра, вкупни расходи од 19,44 милиони евра, како и дека после плаќањето на корпоративниот данок му останала чиста добивка од 330.617 евра.

Но, исто така како предлог одлука до акционерите ќе се најде и тоа целата оваа добивка од 330 илјади евра, да се искористи за покривање на загуби од минати години.

„Добивката во целост ќе се користи за покривање на загубите од минати години“, се вели во предлозите за кои ќе треба да се гласа на акционерското собрание.

Чисто информативно, „Жито Лукс“ има повеќе акционери со капитал над 5 проценти од акционерската структура, но од нив доминантен е грчки „Елбиско“ кој поседува 55,82 отсто од акциите, потоа ЗК „Пелагонија“, кои имаат 29,46 проценти, Пенфилд располага со 15,88 проценти, прилепска „Витаминка“ поседува 7,94 отсто, а скопска „Европа“ располага со 7,68 проценти. 

Како точки на дневен ред се и одобрување на финансиските извештаи на Жито Лукс за 2023 година ревидирани од овластен ревизор, потоа усвојување на Годишниот извештај за работењето за ланската година, усвојување на Извештајот за работењето на Надзорниот Одбор за 2023 година и одобрување на работата на неговите членови.

А, токму членовите на НО имаат големи причини за задоволство, бидејќи една од одлуките за кои ќе гласа Собранието, ќе биде и определување на месечен надомест за нив за целата оваа година во износ од по 300 евра. Значи, секој месец годинава тие ќе добиваат по 300 евра за својот ангажман во ова управно тело на компанијата.

Но, двајца од членовите на Надзорниот одбор ќе бидат отповикани на Собранието на акционери на 17 мај, а таа одлука ќе почне да важи веднаш од денот на донесувањето. А, од членови на Надзорниот Одбор се отповикуваат Михаил Фандридис, независен член, како и Роберта Теова, исто така независен член.

Акционерите на „Жито Лукс“ на Собранието ќе гласаат и за усвојување на Извештајот за работењето на Управниот Одбор за 2023 година, како и за работата на неговите членови.

Инаку, како што пишуваше Фактор, ланската година навистина била најуспешна во поглед на финансискиот резултат, ако се земе предвид периодот од 2014 до 2023 година.

Инаку, ланската добивка доаѓа по двегодишни минуси на компанијата, период во кој таа направи кумулативни загуби од 421.000 евра.

Ова би значело дека целата ланска добивка ќе мора да оди за покривање на овие загуби, а за покривање ќе остане и уште еден износ од околу 90 илјади евра само од тие две години.

Но, извесно е дека тоа нема да биде проблем за „Жито Лукс“, бидејќи компанијата има амбициозни планови за следната година.

Односно, како што веќе објави Фактор, најголемата индустрија за продажба на леб, брашно и бели пецива скопски „Жито Лукс“ планира добивка од 470.000 евра годинава, а тоа го наведоа во нивниот финансиски план јавно достапен на веб страната на Македонската берза за хартии од вредност.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување