26 Април, 2024
0.0292

Лапни си, пивни си, глеј си животот, после имотот!

Објавено во: Економија, Колумни 18 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Колку чини среќата? Колкав приход, плата е доволно! Колку напор и труд е потребен, за среќата да трае и да биде составен дел од животот. “Не можам само да седам и да не работам. Одлична ми е платата, но и покрај тоа постојано гледам нешто настрана да сработам, за да остварам дополнителен приход. Едноставно не можат да мирувам. Кога ќе си легнам навечер, помислата што се сум направил во текот на денот, и колку сум заработил..ме смирува и ме прави среќен знае да ми каже еден пријател. Спротивно од него друг мој пријател пак ни будилник не го буди наутро. Јас не можам секое утро рано да станувам и по осум, девет саати да поминувам на едно работно место. Ќе полудам!..подобро од време на време некој проект да реализирам, колку некој денар да фатам..отколку да слугувам на некого... “лапни си, пивни си, глеј си животот, па после имотот, е неговото животно мото“...можеби е флегма, нема многу приходи..ама пак човеков не се замора...ретко да го видиш негативно настроен или намќорест..напротив секогаш е расположен! Материјалната независност носи поголема слобода, можност за избор, сигурност, па и исполнување на одредени соништа. На пример за холивудските ѕвезди или некои наши моќници не се ништо 100 илјади евра, а за некого тоа се многу пари. Некои луѓе и целиот живот да работат нема да можат да заработат толку! Некои се помируваат со судбината и живеат скромен живот, и среќни се и со мали приходи. Додека на други никогаш не им е доста, имаат, а несреќни се. Колку приходи ни се доволни за да бидеме задоволни. Колку трошиме и  колку штедиме за некакви подолгорочни цели, што не прави среќни зависи од карактерот на една личност. За невработено лице и плата од десет илјади денари е многу, и барем извесно време ќе биде задоволен и среќен, додека за друг и шеесетилјади денари се малку доколку е егоцентричен homo consumens. Ерих Фром смета дека човекот по природа не е мрзлив, туку, напротив тој страда поради неактивност. Луѓето можеби би сакале да не работат месец, два, но најголемиот дел од нив би молеле за работа дури и ако не би биле платени за тоа. И тоа е најверојатно така, бидејќи тогаш би се дружеле, би општеле, би се осеќале живи..самата работа би ги исполнувала и правела среќни, а висината на платата би им била потолку важна. Некој пак кој не почувствувал што значи да се биде невработен, очекува ако не секоја година, барем на две години да има зголемување на платата, бидејќи нели со текот на годините расте и неговото искуство и се подобрува неговата ефикасност во работењето, и доколку тоа не се случи, кај него се создава немир и незадоволство. Што е и можеби нормално имајќи ја во предвид еволутивната природа на човекот!. А има и такви кои, поставуваат услови,, Јас за пониска плата од оваа што ја добивам од дома не излегувам!.Македонија има свои културолошки феномени, каде поединецот се води според личните приоритети!Така на пример кај нас има луѓе кои земаат плата, а не одат на работа. Но и две или пет илјади евра плата не се доволни, ако една личност е длабоко вознемирена, осамена, во депресија, а најчесто се лечи со потрошувачка. Можеби ќе купи скап автомобил, ќе носи Армани кошула или фармерки, но дали незадоволниот човек вистински ќе се задоволи со вакви скапи парчиња.  Сиромашните секогаш велат “не е се во парите“, додека економистите ќе речат “е баш се е во парите“. Некој поминува со малку, а некому постојано нешто ќе му недостига. Некој ќе рече подобро и со малку, ама да бидам мирен, отколку да имам многу пари и еден куп лицемери околу мене. Отсекогаш едни имале многу, а други малку...а среќата и долговечноста не зависеле само од парите. Така било, така и ќе биде. Прашањето колку и што е потребно за еден нормален живот е индивидуално, а секој си го знае одговорот, без разлика дали е логичен! Сашо Дуљанов

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти