„Лавовите“ бараат македонските партии да ги прецизираат црвените линии
Објавено во: Македонија 20 Март, 2017 20:34
Поранешната единица „Лавови“ се огласи во јавноста по повод политичката ситуација, со повеќе барања.
Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов да го повика амбасадорт на Република Албанија во земјава и од него да побара јавно извинување за мешањето во внатрешните работи на земјата и итно отфрлање на Тиранската палтформа. Ова е првото барање во писменото соопштение кое поранешната единица за брзи интервенции „Лавови“ го испрати преку медиумите до како што велат сите македонски граѓани. Тие се обраќаат до политичките партии на Албанците од кои бараат да се свртат кон соживот и почитување на Уставот и законите. Уверуваат дека барањата ќе им бидат остварени, а на политичарите им испраќаат порака дека ќе спречат братоубиствена војна и поделба на државата.
„Бареме од македонските политички партии да седнат на заедничка маса и да ги
прецизираат црвените линии во однос на македонските национални интереси и за
правата на етничките заедници во Република Македонија. Со тоа да не дозволат
фаворизирање на една етничка заедница во однос на другите“ - стои во соопштението.
Народот да биде сигурен и спокоен дека се горе наведено ќе биде исполнето, бидејќи секој ќе одговара пред законите и Уставот на Република Македонија, додаваат во соопштението.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




