29 Септември, 2024
0.0291

Лавров гледа врска меѓу настаните во Македонија и “Турски поток”

Објавено во: Економија 16 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Русија ја повика Европската унија да обрне внимание на особено вознемирувачките терористички настани на Балканот.

Тоа го изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по средбата во Белград со српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, кој во моментов е и претседавач со ОБСЕ, пренесоа агенциите.

"Заинтересирани сме ОБСЕ да игра активна улога на Балканот - посочи Лавров. - Силно сме загрижени за последните настани во Македонија, а и ситуацијата во Косово не влева никаков оптимизам. Загрижени сме од изјавите на раководителите на Албанија за создавање на албанска држава на основата на концептот за Голема Албанија. Ова е спротивно на основните принципи на ОБСЕ и аранжманите постигнати за регулирање на кризата на Балканот во претходните години ".

Лавров ја повика ЕУ преку своето присуство на Балканот да обрне поголемо внимание на многу вознемирувачки манифестации, особено оние со очигледно терористички контекст, каков се забележува според зборовите на рускиот министер за надворешни работи во различни делови на Балканот, вклучително и во последно време во Македонија.

Лавров соопшти дека Русија и Србија ја потврдиле својата подготвеност да соработуваат во гасната сфера, вклучувајќи и во мултилатерални проекти.

Русија е загрижена поради ситуацијата во Косово и во некои области на Босна и Херцеговина, каде што пројавуваат активност борци од Исламската држава, врбуваат млади луѓе за учество во терористички активности, изјави Лавров.

Лавров се сомнева во врската меѓу настаните во Македонија и нејзината проруска политика. Создава впечаток дека постои врска помеѓу влошување на ситуацијата во Македонија и нејзината проруска политика, изјави Лавров.

"Настаните во Македонија се развиваат зад позадината на одбивањето на Македонија да ги поддржи санкциите против Русија и плановите за изградба на " Турски поток ". Не можеме да се ослободиме од чувството дека тука има некаква врска ", рече рускиот министер за надворешни работи.

"Ги поддржуваме активностите на македонските власти и ги повикуваме сите политички сили кон дијалог без обиди за неуставна акција", изјави уште Лавров.

ЕУ треба да ја поддржи реализацијата на проектот "Турски поток", кој ќе овозможи да се зголеми енергетската безбедност на Европа, изјави исто така Лавров.

Лавров нагласи дека Русија не му го наметнува на никого со сила овој проект, а нуди можности врз основа на договореното, кое веќе е постигнато со Турција, и го гледа интересот кој го манифестираат кон него Грција, Македонија, Србија, Унгарија и други земји од регионот.

Од своја страна Дачиќ изрази принципиелна подготвеност на Србија да учествува во реализација на "Турски поток", бидејќи земјата има потреба од сигурно снабдување со гас.

Српскиот министер нагласи дека штом нема да има "Јужен поток", Србија е заинтересирана за "сите други варијанти". Тој истакна дека што се однесува до "Северен поток", сè е можно, а кога станува збор за проекти на југ, изникнуваат проблеми, иако станува збор за ист гас од Русија. "Ние ги имаме истите права, како и жителите на северниот дел на Европа", истакна српскиот министер.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија