Лазороска - таму каде што припаѓам, таму каде што пораснав
Објавено во: Мои пари 05 Април, 2023 09:11
Безгрижното детство, чувството на слобода и моментите кога човекот станува дел од неа е изразено во првата фото-монографијата „Лазороска“, плод на острото око и искусните прсти на фотографот на Канон генерацијата во земјава, Игор Цветковски.
Инспирирана од песната „Лазороска“ на авторот Јован Ламбески, фото-монографијата на Цветковски го документира чувство на слобода и моментите кога човекот станува дел од неа.

“Низ 100 страни и 64 пејсажни фотографии од Лазарополе од сите годишни времиња, ја изразив потребата на секое човечко битие да и се восхитува на природата во даден момент од својот живот. Овој начин на самоизразување го прикажува мојот восхит од природните убавини на Лазарополе во текот на зимскиот период, кога селото е сосема празно, прилика кој ретко кој имал можност да ја искуси. Фото-монографијата е оживување на душата на природата преку фотографии во боја направени во периодот на Ковид пандемијата во Лазарополе.” – вели Игор Цветковски, автор на првата фото- монографија „Лазороска“.

Монографијата започнува и завршува со зима, фото сведоштва од две пандемиски години поминати во Лазарополе. Дело, низ кое може да се види тишината и чуе звукот на природата низ заживеаната песна „Лазороска“ на млалдиот композитор Мартин Данчев, во дип хаус преработка.

Промоцијата на фото-монографијата и изложбата ќе бидат во Мала Станица на 6 април 2023 година, со почеток од 19:30 часот.


Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




