Ле Пен објасни зошто планира да негува добри односи со Русија
Објавено во: Свет 18 Април, 2022 19:29
Кандидатката за претседател на Франција, Марин Ле Пен објасни зошто планира да негува добри односи со Русија.
Вели дека би се ангажирала за соработка со Русија по војната во Украина, за да спречи алијанса на Москва и Пекинг, пренесува Политико.
„Замислете да го оставиме првиот произведувач на суровини во светот – Русија, да креира алијанса со првата фабрика во светот – Кина, и заедно да ја направат главната воена сила во светот. Верувам дека тоа е потенцијално голема опасност“, укажа Ле Пен.
Таа планира да го укине носењето хиџаб на јавни места за што доби критики. Во вториот круг од изборите, Ле Пен и актуелниот претседател Емануел Макрон ќе се ги измерат силите. Французите ќе гласаат на 24 месецов.
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




