05 Декември, 2025
0.0355

Лебот ќе поевтини

Објавено во: Агробизнис 27 Август, 2013 14:14

Добивај вести на Viber

До крајот на годинава  мелничарите најавуваат намалување на цената на лебот. Услов според Николчо Георгиев е прво да се ослободат од огромните залихи на брашното во магицините но и да произведат ново поевтино по што ќе биде направена корекција на цените, пренесува „Сител“. Од домашната реколта откупени се дури 90 отсто од родот по просечна цена од четиринаесеттина денари за килограм. Но сепак ќе недостасуваат околу 150 илјади тони лебно зрно кои секоја година ги увезуваме. Токму со таа пченица производителите ќе прават математики како да испечат за некој денар поевтин леб, бидејќи истата е далеку поквалитетна и со пониска цена од откупената. Проблеми во математиките на пекарите може да им направи само нелојалната конкуренција од странство со евтиното брашно кое би се увезло пред домашните млинови да ги распродадат сопствените залихи.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?