Легализација на дивоградби: Тече рокот за геодетски елаборати, кој не побрза ќе биде на мака!
Објавено во: Економија 25 Јуни, 2013 08:10
Најмногу барања за легализација на дивоизградени објекти има во Куманово, скопската општина Гази Баба и Прилеп. Според податоците, во изминатите две години, кога започна процесот на легализација на дивоградби поднесени се вкупно 344.410 барања за легализација. Од нив одбиени се 497, а уважени 42.947 барања и најголемиот дел од нив веќе ја имаат завршено целата постапка со впишување на имотот во Агенцијата за катастар, стекнувајќи се со сопственост. Сепак за најголемиот број од вкупно поднесените барања за легализација, односно за околу 230.000 барања постапката е прекината и се чека комплетирање на документацијата.
„За предметите каде е прекината постапката, а кои се најбројни, беа направени законски измени, со цел да се забрза процесот. Постапката се прекинува во случаи каде доставената документација до општините не е комплетна и истите можат да продолжат со легализацијата само откако ќе се достават потребните документи. Со оглед дека надлежните констатираа дека лицата кои поднеле барања за легализација, најчесто доцнат со доставувањето на геодетските елаборати кои се составен дел на документацијата, а која согласно Законот е потребна за утврдување на фактичката состојба и комплетирање на постапката, беше направена законска измени, односно се даде конкретен рок од 18 месеци (сметајќи од денот на влегување во сила на Законот за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти), во кој геодетските елаборати ќе мора да се достават. Крајниот рок за доставување на геодетските елаборати во сите предмети каде недостасуваат е јуни 2014 година. “
Надлежните во континуитет апелираат до граѓани кои поднеле барање да ја комплетираат својата документација, односно оние кои не доставиле геодетски елаборати истите да ги достават, со цел побрзо решавање на нивните предмети. Но, остри пораки се упатуваат и до општините да го имплементираат овој процес и навремено да постапуваат по комплетираните барања, за да може процесот на утврдување правен статус за бесправните објекти што поскоро да заврши, потсетувајќи ги при тоа дека Државниот управен инспекторат постојано е на терен и ја мониторира работата на општинската администрација, како и тоа дали се запазуваат предвидените рокови.
Како предмети за кои се уште нема одлука ниту за прекинување на постапката, ниту пак легализација се водат повеќе од 67.000. Најмногу од нив, според сознанијата на Фактор има во Куманово, Шуто Оризари, Липково, Струга и Карпош.
- Куманово – 5.404
- Шуто Оризари – 4.498
- Липково – 4.449
- Струга – 4.157
- Карпош – 4.030
Можеби ќе ве интересира
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега




