05 Декември, 2025
0.0313

ЛЕК ИЛИ ХРАНА: Станува ли медот луксуз за граѓаните?

Објавено во: Агробизнис 05 Ноември, 2019 14:12

Добивај вести на Viber

Дали теглата мед станува луксуз за граѓаните поради цената, и дали треба да биде лек или храна.

Љупчо Станковски, пчелар и председател на Здружението Агро Фаланга од Велес, oбјаснува дека има дискусија меѓу производителите на мед за цената. Тој вели дека бројот на прозводители на мед е нагло зголемен во последно време во земјава, а во зависност од тоа каква  била годината, врз основа на приносите се дефинира и цената. Но, за повеќето граѓани цената од 400 до 600 денари за тегла мед е скапа, затоа што за многу работници кои работат за минималец тоа е цела дневница. Поради слабата куповна моќ, потрошувачите често пати го бираат она што е поевтино, а не она што е поквалитетно. Од друга страна, пчеларите не можат да работат за извоз, поради големата конкуренција и далеку пониските откупни ценi во соседството.

„Ако имам многу мед, јас не можам да го продадам три години, а медот секако дека може да стои, но си има свои граници, и услови како треба да се чува“, вели Станковски.

На саемите кои се организираат ширум Македонија, медот се нуди по цена од 500 или 600 денари. Но, саемите треба да бидат место каде производите се нудат по пониски цени.

Бранко Тасевски од Куманово вели дека доколку се работи за вистински органски мед, тој треба да држи цена.

„Оваа година во Куманово и кумановско поле имаше добар принос, собравме двојно повеќе мед од лани. Не знаеме како ќе поминеме, понудата и побарувачката ќе пресудат за цената. Медот е артикл кој не губи, хранлив е и лековит, но само aко се работи за вистински мед“, додава Тасевски.

Ланската година пчеларите ќе ја паметат како слаба, иако од регион до регион, има разлики во приносите на мед.

Но, граѓаните велат дека мед купуваат ретко, по потреба.

„Многу ретко купувам мед. Последен пат пред неколку години купив мед во Берово, но сепак според домашниот буџет, постојано да имаме мед дома, едноставно не можеме да си дозволиме“, вели Марија Јакимовска, граѓанка.

Медот е одлична замена за шеќерот и може да помогне при намалувањето на таканаречениот лош холестерол, потоа триглицеридите и воспалувањата и природно да го намали крвниот притисок. На тој начин го чува срцето во добра состојба, помага при артериосклерозата и го намалува ризикот од мозочен удар. 

Сања Атанасовска

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?