Лекар од Србија открива која вакцина е најотпорна на мутациите на коронавирусот
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 13 Април, 2021 14:43
Кинеската вакцина побавно создава имунитет, но е најотпорна на мутациите на коронавирусот.
Ова го тврди Миланко Шеклер, виролог и микробиолог од Ветеринарниот институт во Кралево. Тој вели дека кинеската вакцина побавно создава имунитет, но според научниците од „Кембриџ“ и „Оксфорд“, оваа вакцина е најотпорна на мутациите.
Објаснува дека вакцините на „Синофарм“ ги испитувале американски лаборатории. Лекарот потсети на изјавата на еден од американските виролози од Универзитетот во Мериленд од минатата недела дека сите источни вакцини се безбедни и ефикасни и дека тоа се однесува на кинеските, индиските и на руската Спутник В.
„Тоа е класична вакцина, експертите од ‘Кембриџ’ и ‘Оксфорд’ велат дека кинеската вакцина е најотпорна на мутации бидејќи ја содржи целата честичка на вирусот“, изјави Шеклер за телевизијата „К1“.Вели дека ефикасноста на вакцината на „Синофарм“ е до 86 проценти, околу 50 проценти за „Синовак“ и до 62 отсто за вакцината против сезонскиот грип.
Јужноафриканска варијанта на коронавирусот е поуспешна во „пробивањето“ на одбраната на вакцината Фајзер отколку другите претходно познати варијанти, објавија израелски научници. Веќе имаше предупредувања на научници дека треба да се побрза со имунизацијата затоа што вирусот постојано мутира.
foto freepik
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





