19 Мај, 2024
0.0267

Лекари крадат туѓи пациенти?!

Објавено во: Мои пари 12 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Граѓани на Скопје се жалат дека без нивно знаење, согласност и личен потпис добиле нов матичен лекар, кој наместо нив сам си потпишал согласност за да зема повеќе пари од Фондот за здравство. И покрај положувањето на Хипократовата заклетва дека ќе работат во служба и за доброто на пациентите, во Македонија се уште има доктори кои ги злоупотребуваат правата на пациентите. Праксата покажува дека матични лекари се уште посегнуваат по туѓи пациенти, односно сами си присвојуваат пациенти, без нивно знаење и согласност. Одредени лекари се потпишувале во име на пациентите на обрасците за избор на лекар, без нивна согласност со цел да заработат повеќе пари од Фондот за здравствено осигурување преку месечната капитација- надоместок според бројот и староста на пациентите што ги водат. Граѓани се жалат дека немале никакви информации за промена на нивниот матичен лекар. Триесетгодишна Скопјанка алармира дека еден ист доктор стоматолог од Скопје во период од две години два пати бесправно и без нејзино знаење и одобрување ја впишува во неговата листа на пациенти, бришејќи ја од списокот на матичниот стоматолог кој таа го избрала. “Пред неколку дена кога отидов на стоматолошки преглед кај мојот матичен доктор, преку вчитување на електронската здравствена картичка дознав дека извесен стоматолог од Маџари, кој јас ниту го познавам, ниту сум била некогаш кај него на преглед од пред 7 месеци станал нов мој матичен стоматолог. И јас и мојот досегашен матичен стоматолог бевме непријатно изненадени. Револтот ми е уште поголем ако се земе предвид фактот дека ова се случува по втор пат за период од неколку години и тоа со истиот стоматолог од Маџари. Проблемот не е во месечната капитација од околу 50 денари, туку се работи за принципиелен проблем на бесправно добивање на моите лични податоци, лажно пријавување на пациент, без мое знаење, согласност и личен потпис. Трагично е ова што им се случува на пациентите. Ова е кражба на лични податоци и стекнување на плата врз основа на фиктивни пациенти“, револтирано за Фактор раскажува скопјанката Катерина. Таа додава и дека покренала постапка пред Стоматолошката Комора на Македонија каде што Етичка Комисија треба да ја разгледа пријавата и да постапи соодветно. Од Фондот за здравствено осигурување за Фактор објаснуваат дека ова не е прв случај на слична поплака од страна на пациентите. “Она што на пациентите им стои на располагање во вакви случаеви е да покренат постапка за утврдување на начинот и причините на кршење на правата на пациентите. Преку Барање кои се пополнува лично во Фондот за здравствено осигурување пациентите можат да го пријават ваквиот неетички чин на одредени лекари кои ќе подлежат под законските прописи за кршење на правата на осигурениците“, објаснуваат од ФЗОМ. Изборот на матичен лекар си го прави секој осигуреник и тоа е законски регулирано. Никој друг не смее да направи избор за полнолетен осигуреник. Тоа е еден од најтешките прекршоци, за кој има високи казни, додаваат од Фондост за здравствено осигурување.  К.П

Можеби ќе ве интересира

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст