18 Декември, 2025
0.0573

ЛЕКАРИТЕ ОД ОНКОЛОГИЈА ЧЕКААТ ВИСТИНСКО ВРЕМЕ ДА ПРОГОВОРАТ ЗА СЛУЧАЈОТ: Огромен е бројот на лицата кои се повикуваат на распит

Објавено во: Македонија 13 Септември, 2023 09:29

Добивај вести на Viber

Секоја нова сторија која открива на кој начин најблиските на болните од канцер се снаоѓале со лекарства уште повеќе го зголемува револтот кај граѓаните кои сакаат точно да се знае кој сè е  вмешан во последната голема афера во македонскиот здравствен систем. Некои од нив покажуваат разочарување, некои воопшто не се изненадени ако и сето ова помине туку така, а некои пак не го кријат бесот и бараат конечно надлежните да излезат со конкретни имиња на сите инволвирани. Соговорниците на Фактор ценат дека во случајот се вмешани и лекари и среден медицински кадар и политичари.

-Повеќедеценискиот криминал на оваа клиника е првенствено „дозволен“ од највисоките структури. Тоа не може да не се гледа, да не се забележи, и токму затоа сега не треба да се молчи. Секој што бил инволвиран треба да се каже со име и презиме. И не е од сега проблемот. Мајка ми се лекуваше од канцер пред 15 години. Сосема иста беше приказната има цитостатици, нема цитостатици. Пробај побарај го овој, побарај го оној....Значи ова трае и никому не му текнува да стави крај, и секако за грдни пари, вели за Фактор Елена А. од Скопје, која е повеќе од убедена дека голем број од лекарите на Клиниката за онкологија се вмешани во аферата.

Фактор стапи во контакт со повеќемина вработени на клиниката, меѓу кои и со дел од лекарската фела. Велат дека сега не е време да даваат изјави, го чекаат вистинскиот момент.

-Ставени сме во позиција да се бориме со сеништа кои не знаеме од каде доаѓаат. Сега нема да даваме изјави и да се обидуваме да ги разјасниме работите. Ќе дојде вистинскиот момент кога ќе кажеме се што треба да слушне јавноста, велат некои од лекарите за Фактор, кои засега инсистираат да останат анонимни.

Од Јавното обвинителство за нашиот медиум потврдија дека секој ден за овој обемен случај има нови моменти, но детали не откриваат во инетрес на истрагата.

-Огромен број се повикани на распит, се работи во континуитет. Постои обемна документација по која детално се постапува. Јавноста ќе биде информирана, но не може да соопштуваме детали секојдневно, велат оттаму.

Во последното соопштение ОЈО најгласува дека ќе преземе дополнителни чекори за обезбедување максимална транспарентност и отчетност на постапката.

-Врз основа на барањето на онколошките пациенти изнесено на средбата која се одржа на 7. септември, Обвинителството побара од неформалната организација преку која пациентите ги изнесуваат своите барања да избере тројца онколошки пациенти кои во текот на целата постапка ќе имаат директен увид во прибраните докази и во преземените дејствија. Пациентите ќе треба претходно да потпишат изјави со кои ќе се гарантира тајноста на постапката и на личните податоци во кои ќе имаат увид. Начинот на избор на пациентите е оставен на нивните претставници кои го изнесоа ваквото барање. Јавното обвинителство ги презема сите дејствија за обезбедување докази со цел проверка на наводите во овој предмет. Во таа насока, од самиот почеток е вклучен и лекарски и друг медицински персонал.

Според партијата Левица, малверзациите на Клиниката за онкологија датираат од 2012 година, кога било поднесена кривична пријава против тогашната директорка, поставена од министерот Никола Тодоров.

-Директорката тогаш се терети за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, каде при набавка на лекови предизвикала штета на Фондот во износ од 6.372.691 денари и на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија во износ од 15.173.399 денари или вкупна штета во износ од 21.546.080 денари. Додека власта тврди дека се расчистува со криминалот на оваа Клиника, нема никаков одговор од правосудните органи каде е заглавена 10 години кривичната пријава против оваа директорка. Од друга страна, станува јасно зошто ВМРО-ДПМНЕ одбива да ги поддржи протестите, со оглед на инволвираноста на нивни поранешни функционери, нагласуваат од Левица.

Анита Буховски

ФОТО: МИА

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје