05 Декември, 2025
0.0327

Лекарска Буна пред вратите на Тодоров!

Објавено во: Економија 19 Ноември, 2012 19:45

Добивај вести на Viber

Со натписите „Јас сум тука“ и „Невидливите се тука“ лекарите застанаа пред министерството за здравство, наместо пред болниците со цел да му покажат на министерот Тодоров дека се видливи и дека штрајкот постои.  Велат колку и да затвара очи министерот, штрајкот нема да престане. Денеска ја сменивме локацијата бидејќи не бевме добро видливи и дојдовме тука за да бидеме подобро видени. Се наоѓаме на оваа страна од улицата, на страната на вистината, науката, здравството и на страната на пациентите. Од другата страна, како што гледате, нема никој – изјави д-р Дејан Ставриќ, претседател на Самостојниот синдикат на клинички центар За лекарскиот проблем интерес покажале и странските амбасади кои биле изненади од скратувањето на уставното право на лекарите да излезат на штрајк. Повикани сме од сите странски претставништва само во домашните институции не можеме да влеземе, истакна д-р Ставриќ. Тие се пожалија и дека се зголемуваат притисоците за штрајкот да се задуши, така во Куманово директорот барал да бидат фотографирани сите лекари кои ќе излезат на протест. Сеуште се примаат само итните случаи, а закажаните се презакажуваат по завршувањето на протестот.  Бројот на интервенции и операции е намален. Наместо 60 на скопската гинекологија за четири дена направена е само една операција, на клиниката за анестезиологија извршени се 9 интервенции, а на очната клиника за три дена направени се 15 операции. Министерот Тодоров сеуште стои на својот став дека плата по учинок е добар проект, а за денешниот протест нема што да додаде.Тој вчера му објаснуваше на премиерот дека имало непрецизност со плаќањето по учинок но дека работите се средуваат „Имаше определни нејаснотии, некогаш можеби и намерни погрешни внесови, но како поминува времето и како ние апелираме се повеќе се намалува тој грешен внес“, – вели министерот за здравство Никола Тодоров. Од синдикатот велат дека и наредните денови штрајкот ќе продолжи, како пред министерството така и пред Владата. Покрај клиничкиот центар во Скопје, протестираат и клиничките болници од Тетово, Штип и Куманово. Мартина Проковиќ

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември