Лекови против маларија кои се добри за лечење на коронавирусот немаме, се прават напори земјава да ги обезбеди
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 22 Март, 2020 20:45
Лекови против маларија во потребната форма сега немаме во земјава, се прават напори тие да се обезбедат.
Последните податици за комбинацијата на лековите против маларија и еден антибиотик во светот покажуваат дека даваат резултат.
„Кај нас сега се изготвува протоколот, утре тој ќе се дискутира на Комисијата за заразни болести, ќе се презентираат и клинички тестови и ќе се заземе став. Точно е дека во светот има студии кои укажуваат дека оваа комбинација на лекови дава соодветен ефект“, рече министерот за здравство Венко Филипче.
Тој објасни дека ние го имаме антибиотикот, а формата на лекови против маларија во овој момент ја нема
„Но преку интензивна комуникација минативе денови се надевам дека имаме шанси да добиеме од таа количина на лекови“, рече Филипче.
Во изминативе неколку недели од Владата на земјава неколку пати разговарале со претставници на кинеската амбасада, а таму се обратиле и официјално со барање за донација на респиратори. Министерот Филипче верува дека дефинитивен одговор земјава ќе добие на почетокот на следнава недела.
За последните дијагностицирани пациенти од Штип, сите податоци на локалните епидемиолози укажуваат дека целосно се испочитувани мерките за самоизолација. Ако има поинакви информации, ќе ги провериме.
За прашањето дека граѓани не биле тестирани, иако имале симптоми, министерот одговори дека во овој момент на располагање се околу 1.400 тестови.
„Ние завршивме постапка со која набавивме дополнителни 1.000 тестови. Најавата е дека можеби имаме 1.000 секоја недела. Самиот Институт за јавно здравје почна постапка со која набавува 5.000 тестови, така што бројката на тестови е сосема доволна“, рече Филипче.
Од утре почнува да функционира системот на закажување преку матичните лекари кои имаат алгоритам, кој треба да се пополни и лекарот треба да укаже дали пациентот, според симптомите, треба да се тестира или не. тестирањето ќе се врши на пунктовите.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





