Добивај вести на Viber
Левичарското движење „Солидарност“ и Движењето за социјална правда „Ленка“ по повод Први Мај, Меѓународниот ден на работничката борба повикуваат на голем протест за социјална правда и работнички права. Според Здравко Савески од „Солидарност“ и понатаму продолжува кршењето и кратењето на правата на македонските работници и додека синдикалните лидери седат во своите фотељи, работниците живеат се потешко.
Граѓанските здруженија бараат борба против се поголемата сиромаштија кога невработени со деци се над 30% од граѓаните, а истакнуват и дека класните разлики во Македонија се најголеми од сите држави во цела Европа и државите од бившиот Советски Сојуз.
„Политичките елити манипулираат и го ограбуваат народот“, порачуваат здруженијата и ги повикуат сите работници да се приклучат на Првомајскиот протест закажан за утре напладне спроти Сојузот на синдикатите на Македонија.