05 Декември, 2025
0.0321

ЛЕШНИК БИЗНИС: Италијанска „Нутела“ нуди загарантиран откуп!

Објавено во: Агробизнис 20 Јули, 2014 09:47

Добивај вести на Viber

Италијански агрономи неодамна ги посетија садниците со лешници од сортата TONDA GENTILLE DELLA LANGE, во земјава. Се работи за сорта од која што се прави познатиот чоколаден крем Нутела. Единствениот застапник за садниците од оваа сорта во земјава Сашо Крстевски, вели претставниците од италијанската компанија Ferrero, за сите земјоделци што ќе се заинтересираат да подигнат садници со оваа сорта на лешници, нудат договор за загарантиран откуп и едукација за одгледување на садниците. По неколку дена набљудување на садниците од лешник (кај нашите кооперанти) кои засадија ланската година во Македонија, агрономот од италијанската компанија Nutela утврди дека климатските услови и почвата се идеални за одгледување на лешник. Прошетавме преку 200 хектари засадени со лешник и никаде не утврдија некакви проблеми освен во 1-2 парцели каде што беа послабо наводнувани, и ненавремено испрскани со заштитни сретства. Но по нивните препораки ќе ги исправат своите грешки што ги направиле и ќе се придржуваат кон колективното работење.  Тие најавија дека на сите кои се заинтересирани ќе им понудат едукативни услуги како правилно да ги одгледуваат лешниците или евентуално ако имаат проблеми како побрзо и поефикасно да ги решат со нивна помош. Овој процес  со агрономи од Италија ќе го правиме 3-4 пати годишно“, вели Сашо Крстевски, кого оваа италијанска компанија го овластила за официјален застапник на садниците. На терен интересот кај земјоделците за овој агробизнис се зголемува. Крстевски вели дека оваа есен најверојатно оваа сорта на лешници ќе се засадат на 100 хектари земја. „Оваа година нашите земјоделци се премногу заинтересирани за садници што ќе треба да се засадат оваа есен 2014 година. Досега имаме резервација за преку 100 хектари и примаме уште нови порачки. Со самото подигање на садниците тука ќе се и Италијаните кои нудат договор за загарантиран откуп на родот, така што секој кој е заинтересиран за саден материјал од нашата фирма слободно нека ме контактираат на овој телефон 075/240-925. Сакам да потенцирам дека ние ќе работиме како колектив, со кооперанти, не како поединци самоволно. Тоа би значело: кога се прскаат садниците ќе треба сите одеднаш да ги прскаме во исто време и тоа со исти сретства, кога ќе се орa сите одеднаш ќе треба да го правиме тој процес и така натаму“, објаснува Крстевски. Цената на еден садник од Италија со транспорт до Македонија, со сертификат за повраток на вложени средства, и со фактура за субвенции чини 3 евра по садник. Во овој перод од годината се врши заштита на садниците Садниците на Крствески се стари две години и веќе на некои од дрвцата има род. Следната година очекува поголем род. Овој период садниците се прскаат против пепелница и пламеница. Крстевски вели дека ако има дождливи денови, ќе биде потребно плус уште едно прскање. „Ова ми е досега 3-то прскање годинава, но ако продолжи дождот со ваков интизитет мислам дека уште еднаш ќе треба да се прскаат, зошто неколку дрвца (7-8) покажаа резултат од дождот. Инаку шетајќи по други парцели низ Македонија гледам дека многу луѓе ги имаат запуштено садниците со премногу трева и треба да реагираат со орање (инаку тревата знае да ги уназади садниците им одзема од минералите од земјата). Советувам  што е можно поскоро да си ги истретираат парцелите со орање. Јас во моите парцели за да го немам тој проблем со тревата, поставив црн најлон на 2 хектари и сега за сега сум презадоволен. Немам никаква трева, влагата од наводнувањето е подолготрајна и нема да имам годишно 3-4 орања, кои би ме чинеле околу 800 евра. Инаку најлонот ме чинеше 1600 евра така што за 2 години јас најлонот ќе го исплатам и за во следните 2-3 ќе немам дополнителни трошоци. Дополнително врз најлонот може да се одгледува дополнителна култура како зелка, пипер патлиџан, компири. Јас на пример засадив лубеници кои одлично напредуваат. Моите садници сега се во 2 -та година, почнуваат да прородуваат и секое второ или трето дрвце има по неколку лешничиња. Така што годинава ќе имаме да пробаме, но од следната би требало да има некој килограм повеќе. Нашата сорта TONDA GENTILLE DELLA LANGE е самоопрашувачка сорта и е средна сорта на лешник која созрева во месец септември“, објаснува Крстевски. Инвестиција од 2.500 евра со загарантиран пласман Еве колку пари и за што ви се потребни при подигањето на насадите со лешници: 600 садници = 1.800 евра За риголовање =350 евра За ископување на дупки =200 евра Прегорено ѓубре =50 евра Работници =100 евра Математиката покажува дека инвестицијата би чинела 2.500 евра, се враќа за две до три години.Позитивното е што откупот на родот е загарантиран по моменталната берзанска цена на лешникот во Италија, која годинава се движи од 2,5 евра за килограм нелупен лешник, и 6 евра за килограм лупен лешник, вели Крстевски. „Една проста матаматика, имам 1000 садници помножено со 10 евра од дрво е еднакво на 10 000 евра, а за мене таа цифра е задоволителна. Договорот за загарантиран откуп на родот се склучува со самото подигање на садниот материјал кога и пристигнува одговорното лице од Италија“, додава тој. Во Италија, земјата на чоколадниот крем Нутела, се засадени огромни површини под ова јаткасто овошје. Поради големата побарувачка постои недостаток од лешник. И оваа година италијанските компании беа принудени да увезуваат лешник од Чиле, Аргентина и други подалечни земји, за што пак имаат огромни трошоци. Затоа и Македонија, Италијанците ја сметаат за поатрактивна, бидејќи пресметале дека ако од кај нас го откупуваат лешникот, ќе имаат помали транспортни трошоци. Тоа пак им оди во прилог на сите заинтересирани земјоделци од Македонија кои сакаат да отпочнат сопствен семеен агробизнис. Лешникот е дрво кое живее од 70- 100 години, а раѓаат плод од 50-70 години. Според стручната литература, во полн род од едно стебло се добиваат 8-12 килограми. Во зависност од формирањето на круната, густината на садење, староста, сортата и агротехничките мерки, лешникот има род од 2,2 тона па до 3,6 тони по хектар. Ј.С.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?