28 Март, 2024
0.0269

Лесја Украинка: Заканите на Путин за употреба на нуклеарно оружје – уште една уцена за Запад

Објавено во: Мои пари 28 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Истовремено со најавата за мобилизацијаво Русија Путин ветил дека ќе изврши нуклеарен напад.

Рускиот претседател Владимир Путин прогласил мобилизација во Русија „за заштита на територијалниот интегритет“. Во својот говор, тој, исто така, изјавил дека Украина наводно претендира на нуклеарно оружје, а претставници на водечките земји на НАТО зборуваат за „дозволивост на употреба на оружје за масовно уништување, нуклеарно оружје против Русија “. Како одговор, Путин потсетил дека Руската Федерација „исто така има на располагање различни средства за уништување“ и ветил дека ќе употреби нуклеарно оружје за одбрана на Русија.

Откако заглавил во војна против Украина и најавил прва мобилизација после 1941 година, Владимир Путин повторно се заканува со нуклеарно оружје, кое тој го ставил во состојба на зголемена готовност уште во првите денови од сеопфатната инвазија.

Руските официјални лицамногу пати изјавувале дека, според воената доктрина на Руската Федерација, Москва може да употреби нуклеарно оружје како одговор на употреба на такво оружје против неа или нејзините сојузници, како и во случај на агресија со употреба на обично оружје, „кога е загрозено самото постоење на државата“.

На 21 септември, претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин изјавил: „Во случај на закана за територијалниот интегритет на нашата земја, за да ја заштитиме Русија и нашиот народ ние сигурно ќе употребиме сите средства со кои располагаме. Ова не е блеф“.

На 24 септември, министер за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров изјавил: „Целата територија на Руската Федерација, која е внесена и може да биде внесена во Уставот на Руската Федерација,  безусловно се наоѓа под целосна заштита на државата, тоа е апсолутно природно. Сите закони, доктрини, концепти, стратегии на Руската Федерација важат за целата нејзина територија“.

На 25 септември советник за национална безбедност на САД Џејк Саливан изјавил: „Разговаравме директно, во четири очи, на многу високо ниво со Кремљ. Секоја употреба на нуклеарно оружје ќе има катастрофални последици за Русија. САД и нашите сојузници ќе одговорат многу одлучно во тој случај. Бевме многу јасни и прецизни што носи тоа со себе“.

На 27 септември, заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев изјавил: „Да замислиме дека Русија е принудена да го употреби најстрашното оружје против украинскиот режим, кој извршил чин на агресија од големи размери, што е закана за самото постоење на нашата држава. Сметам дека НАТО нема директно да се вмеша во конфликтот ниту под такви околности. Бидејќи безбедноста на Вашингтон, Лондон и Брисел е многу поважна за Северноатлантската алијанса отколку судбината на Украина, која никому не му треба“.

Уште одамна помеѓу западниот естаблишмент Русија има алиас„бараба со нуклеарен стап“. Откако на почетокот на руската сеопфатна инвазија во Украина стана јасно дека руската армија вооптшо ни приближно не е втора во светот, на Западот почнало да се зборува за можност Москва даупотреби нуклеарно оружје.

Повеќето експерти се сложуваатсо тоа дека Русија нема да употреби нуклеарно оружје. Руските закани за употреба на истото се насочени на заплашување, зголемување на влоговите и уцена на Западот, како и на намалување на западната поддршкана Украина.

Русија се обидува да го принуди Западот на неповолни отстапки. Не треба дасе подлегнува на уцени на Русија. Отстапките нема да го спречат Путин вонапаѓање на туѓи територии.

Петро Топичканов, асоцииран главен научен соработник на Стокхолмскиот институт за проучување на проблеми на светот (SIPRI), во коментарот за „Гласот на Америка“нагласил дека не гледа никакви причини за употреба на нуклеарно оружје во Украинаод страна на Русија. Според експертот, тоа ниту е во склопсо руската нуклеарна доктрина ниту е сразмерно сохарактер на борбени дејствија во Украина.

Карло Масала, професор од Универзитетот на бундесвер во Минхен, смета дека постои теоретска можност за употреба на нуклеарно оружје. „Но, сега сметам дека тоа за крајно малку веројатно“, рекол тој во интервју за DW.

Уште пролетва Американскиот институт за проучување на војната во својот извештај напишал дека Кремљ директно и отворено ќе се заканува со нуклеарно оружје во случај на анексија на регионот Херсон и други окупирани територии на јужна Украина.

Според експертите, веројатно Путин смета дека закана од нуклеарен напад може да го запре одвраќањетона Русија. И до одреден момент нуклеарната уцена ги спречувала западните сојузници. Но, секој ден вооружените сили на Украина добиваат се повеќе и повеќе оружје, а тоа е се помоќно исо подолг дострел. Најверојатно нуклеарниот стап на Путин повеќе не му е адут.

ПР Објава на Здружението Лесја Украинка

Ставовите изразени во овој текст се тврдења на Здружението и тие не мора нужно да ја одразуваат уредувачката политика на Фактор

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија