16 Мај, 2024
0.0355

ЛЕТНО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО: Еве како промената на времето има „драматичен ефект“ врз луѓето

Објавено во: Свет 30 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Во недела ќе ги поместиме стрелките на часовникот и ќе се свртиме кон летно сметање на времето.

Летното сметање ќе почне 02:00 часот по полноќ, кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден час понапред и времето ќе се смета како 03:00 часот.

И повторно експертите ја доведуваат во прашање таквата пракса укажувајќи на здравствени ризици и економска штета.

Веќе некое време критичарите на поместувањето на часовникот два пати годишно се обидуваат да докажат дека таа промена веќе не е корисна. Сега, за да го докажат својот став и се свртеле на науката.

На една конференција, неодамна во Брисел професор по неврохирургија од Оксфорд, Расел Фостер и професор по психологија од Минхенскиот универзитет ги претставиле своите анализи за тоа како поместувањето на часовникот влијае на луѓето, посебно на спиењето.

Нивниот заклучок е дека враќањето на часовникот не донесува заштеда на енергија, претставува значаен здравствен ризик и многу ја чини економијата.

Научниците настојуваат да докажат дека промената на времето има „драматични ефекти“ на физичката и ментална функција бидејќи прави збрка во биолошкиот часовник.

Како што се наведува, на децата и повозрасните им се потребни недели за да се навикнат на таа промена. Истовремено во тоа време се бележи зголемен број на сообраќајни несреќи и компликации после хируршки интервенции.

Покрај штетното влијание по здравјето на луѓето, страда и економијата. Експертите сметаат дека промената на времето два пати годишно ја чини ЕУ помеѓу еден и два отсто од БДП, што е воглавно директно поврзано со здравствените проблеми. Тоа значи дека годишно се губат речиси 300 милијарди евра.

Австрискиот европратеник Хајнц Бекер вели деа постојат доволно научни податоци дека од Европската комисија се бара „конечно да преземат мерки“ и да се стави точка на праксата со која се прави „само штета“.

Бекер ја повикал и европската комесарка Виолета Булц, во чие портфолио е и тоа прашања, да застане на патот и со одбивање да се разгледаат ризиците на промена на времето.

Прашањето за поместување на часовникот секогаш предизвикувало поделби па вработените воглавно го поддржуваат бидејќи им овозможува да искористат малку сонце после работа додека земјоделците не се секогаш заговорници на таа пракса.

На зимското сметање на времето преминуваме на 30 октомври во три часот наутро, кога времето на часовниците ќе биде вратено еден час назад, на два часот.

Можеби ќе ве интересира

ПОЕТ И ОСНОВАЧ НА ЛИТЕРАТУРЕН КЛУБ ПУКАШЕ ВО ФИЦ: Легално го поседувал пиштолот

ПОЕТ И ОСНОВАЧ НА ЛИТЕРАТУРЕН КЛУБ ПУКАШЕ ВО ФИЦ: Легално го поседувал пиштолот

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?