Добивај вести на Viber
Не запираат поскапувањата на земјоделските производи. По последното поскапување на цените на мало во мај, во јуни, статистиката повторно регистрираше ново поскапување, споредено со истиот период лани. Според последните статистички податоци, минатиот месец во споредба со истиот период лани цените на мало пораснале за 2,3 %. Најголеми поскапувања од 13,9 отсто има кај земјоделските производи, а цените на прехрамбените се зголемини за 6,5 отсто. За аларамантната состојба со цените предупреди и Народната банка на Македонија во својот последен извештај. НБРМ на домашен терен, регистрирала поголема инфлација од очекуваната во прехранбениот сектор.
Дека цените на храната и на светско ниво допрва ќе растат, покажуваат и последните извештаји на Светска банка и Организацијата за храна и земјоделство. ФАО во последниот извештај предупреди дека цените на храната во годините што следат ќе растат од 10 до 40 отсто . Со слично предупредување излезе и Светската банка.
Главните причини за растот на цените според меѓународните институции се климатските промени и зголемената побарувачка за храна, наспорти намаленото производство. Ценовните шокови нема да ја заобиколат Македонија. Последиците од временските непогоди кои годинава удрија по земјоделството излегоа на виделина. Пролетните поплави го сотреа родот зелката, краставиците, пиперките, доматите, во Струмичко. Очекувано беше дека во прашање ќе се доведе покривањето на домашните потреби, што пак предизвика зголемување на цените токму на дел од производите што беа погодени од поплавите. Минатиот месец градот ги опустоши пластениците со зеленчук во Скопско, житата во Битолско и тутунот во Прилепско.
Земјоделците и агроекспертите за последците аларамираа уште пред неколку месеци кога земјава беше погодена од временските негоди и тоа во земјоделските региони.
-Има ли политички одговор на нестабилноста на цените, особено на ценовната експлозија?На глобален план либерализацијата на пазарот со земјоделски производи ќе ги намали варирањата на цените поради компензација на производните кризи во еден регион со производство во друг. Во услови на изненадно поголем пораст на цените, државата треба да ги помогне најзагрозените социјални групи. Порастот на цените на храната е важен фактор за пораст на инфлацијата.Проблемот не може да се решава со конвенционални мерки на макроекономска политика . Потребни се специфични мерки, вклучително и на ниво на секторот, вели професор д-р Борис Анакиев, агроекономист
Експертите велат дека еден од начините за ублажување на ценовните шокови што во иднина ќе следат, е преку зголемување на земјоделското опроизводство и максимално искористување на земјоделското земјиште за производство на храна.
- Стабилност на производството и на цените најсигурно може да се оствари ако се постигне долгорочен пораст на земјоделското земјоделство преку зголемување на инвестициите и на среднорочен и на долгорочен план, во насока на земјоделски истражувања, примена на знаења, градење на земјоделска и селска инфратструктура, модернизација на производството и пристап до пазарите. Сегашната положба не треба да придонесува и да ги доведува во искушение политичарите да даваат преност на градската инфраструктура и градското население пред селската инфраструктура и населението од селата, објаснува Анакиев.
Според експертите, растот на цените на храната на светските берзи ќе продолжи. Ако се има во предвид фактот дека од 50 до 70 отсто од домашните потреби за храна се покриваат од увоз, во периодот што следи ќе расте и одливот на девизи за увоз на храна. Според податоците, ако во 1991 година за увоз на храна се трошеле 124,3 милиони долари, во 2011 година увозот пораснал на 672 милиони долари. Иако според последниот квартален извештај од НБРМ регистрирано е благо зголемување на извозот, а намалување на увозот, експертите велат дека тоа е добар показател, но сепак појаснуваат дека точната слика на извозот и увозот најдобро ја даваат годишните извештаји.
Растат цените, а со нив и трошоците за живот
Според статистичките податоци во јуни годинава споредено со истиот период лани, трошоците за живот пораснале за 4,2 отсто. Најголем раст повторно е забележан кај храната 6,2 отсто, 6,9 отсто кај облеката и обувките и 4,9 отсто за огрев и осветлување. Според истражувањата на дел од невладините организации, со ваквото темпо на раст на цените и трошоците, семејниот буџет едвај стигнува за покривање на основните потреби на едно семејство. Така последната анкета на невладината “Коалиција за борба против гладот”, насловена како „Заеднички глас против гладта,“ покажува дека секој трет македонец едвај се прехранува. Од 450 испитаници од Скопје, Тетово и Струмица, дури 60 отсто се изјасниле дека прво ги плаќаат сметките, а со тоа што ќе остане од семејната каса се купува храна. Од испитаниците околу 22 осто одговориле дека неколку пати за да купат храна се задолжиле со кредит, кредитна картичка или пак на вересија во дуќаните.
Ј.С
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.