Добивај вести на Viber
Масите на кафулињата кои се нелегално поставени на тротоарите и јавните површини во Куманово ќе ги “чисти“ полицијата, вели началникот на СВР Куманово.
- На некој ако му е дадена дозвола за две маси, тој поставил 10. Не може на тротоар некој да стави маса и да профитира, а да трпат граѓаните. Имаме поплаки од граѓаните дека жени мораат да прескокнуваат нозе да мажи за да поминат по тротоар, изјави Јакимовски, пренесува порталот Плусинфо.