Левица: Да се ослободат од работа и родителите на деца кои не посетуваат градинка
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 01 Април, 2020
Партијата Левица испрати допис до Владата и до Министрерството за труд и социјална политика со кој бара од работа да биде ослободен барем еден родител чие дете не посетува градинка
-Откако добивме повеќе пријави дека родители со деца
под 10 годишна
возраст (кои не посетуваат градинка) не можат да бидат
ослободени од
работни активности, денес поднесовме официјално Барање до
Владата и
Министерството за труд и социјална политика. Преку нашиот допис побаравме дополнување и изменување
на мерката усвоена
на XVI-та седница на Влада, односно мерката за ослободување
да опфаќа и
еден од родителите чиишто деца се малолетни до 10 годишна
возраст, но не
посетуваат никаква образовна установа. За овие родители,
услов за
користење на мерката е доставување на извод од родените на
своето дете.
Овој заклучок се однесува и на самохраните родители, велат од
Левица.
Оттаму додаваат дека претходно дефинираната мерка е
ограничувачка и го отежнува функционирањето на родителите во вонредна
ситуација кога образовните институции
се затворени, и апелираат надлежните институции што побрзо да ја отстранат воочената неправилност.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.