28 Ноември, 2024
0.1578

ЛЕВИЦА ЌЕ ОСТАНЕ ЕДИНСТВЕНА ОПОЗИЦИЈА: Реакции од партијата на Апасиев

Објавено во: Македонија 07 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ одржа прес конференција по повод исходот од денешната лидерска средба:

„Несомнено е дека ги имаме најтемните дни за македонската демократија. Во караванот на бездната во која нѐ води антиевропската и антидемократската СДСМ, очигледно е дека одлучи да им се придружи и ВМРО-ДПМНЕ.

На сите ни е јасно дека за оваа Влада постои само легалистичка рамка. Таа нема легитимитет, одамна и повеќекратно е делегитиминирана. Првпат го загуби во 2021 година на локалните избори, а опозицискиот бран, ВМРО-ДПМНЕ, одлучи да го преточи во кохабитација со СДСМ која трае година дена и денес доживува кулминација. Потоа добивме неизбран премиер кој со својата нелегитимна Влада беше целосно нетранспарентен во изготвување на францускиот предлог со Софија во посредништво на Париз. И сега, имаме ситуација каде што постои консензус за францускиот предлог, но СДСМ преку агенции за пропаганда и ВМРО-ДПМНЕ преку своите променливи ставови - работат на амортизација на ова незадоволство и дополнителна поларизација на нашето општество.

Ова укажува дека се движиме кон криза на демократијата. Впрочем, спикерот Џафери Иницијативата за референдум поднесена од Левица, ја држи подолго време во фиока. Ова е авторитарен режим, зашто авторитарните режими се легитимираат преку цели, а не преку избори.

Со влезот на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, само Левица ќе остане партија што не влегувала и излегувала од владејачкото мнозинство! Тоа е силен аларм за нашата демократија и поткупувањето на демократскиот локус околу кој треба да гравитираат сите општествени процеси.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ имаше многу променливи изјави во текот на последната година. Неговите пратеници потпишуваа изјави на нотар, потоа нудеше предвремени избори и да се стават уставните измени во предизборните програми и на крајот неговиот Извршен комитет сабајлево излезе со изјава дека не ги прифаќаат уставните измени под бугарски диктат. Но, тоа е само изјава за членството, кое сепак следи и е свесно за одлуките на раководството.

Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ има улога во исполнувањето на софиската платформа и поткопувањето на принципите на македонската државност. Иако на ВМРО-ДПМНЕ наводно му претставува проблем да биде со ДУИ во Влада, тие совршено функционираат како партнери во Советот на Општина Велес. Така што нејасни се причините за овој политички циркус.

Оние кои се сретнаа денес се оние луѓе, оние структури, кои се причинители за нашето заложништво на патот кон европската интеграција. Тие ја продлабочуваат корупцијата и не можат да одговорат на државничките предизвици кои македонскиот народ ги бара од нив.

Левица не само што е за влез на Македонија во Европската Унија, туку Левица има и блиски врски и соработка со парламентарната група и политичката партија на европската левица. Тие се загрижени за начинот на кој Бугарија се однесува како колонијална сила кон Македонија, но очигледно е дека нашата неспособна дипломатија не може да одговори на овие предизвици.” истакна тој.



* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Постигнат e времен договор со приватните превозници

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Постигнат e времен договор со приватните превозници

АРСОВСКА ДО ПРЕМИЕРОТ:„Патриоту“ Мицкоски одлучи се, или сум јас најдобриот менаџер во Европа или сум најлошиот градоначалник кој е твој избор

АРСОВСКА ДО ПРЕМИЕРОТ:„Патриоту“ Мицкоски одлучи се, или сум јас најдобриот менаџер во Европа или сум најлошиот градоначалник кој е твој избор

ПОСТИГНАТ ДОГОВОР: Ќе им се зголеми цената по изминат километар на приватните превозници

ПОСТИГНАТ ДОГОВОР: Ќе им се зголеми цената по изминат километар на приватните превозници

Комплексот „Македонско село“ оди на оглас за ЈПП

Комплексот „Македонско село“ оди на оглас за ЈПП

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ОД ЦРНА ГОРА: Нема никаков проблем во преамбулата да се внесат и Црногорците

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ОД ЦРНА ГОРА: Нема никаков проблем во преамбулата да се внесат и Црногорците

Муцунски и честиташе на Шекеринска за високата функција во НАТО

Муцунски и честиташе на Шекеринска за високата функција во НАТО

ПЕТ ГРАДОВИ ВО ВИОЛЕТОВО: Алармантно е загадувањето на воздухот

ПЕТ ГРАДОВИ ВО ВИОЛЕТОВО: Алармантно е загадувањето на воздухот

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЗА ИЗЈАВАТА НА КОС: Тоа ме плаши, бидејќи звучи како директно мешање во внатрешните работи

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЗА ИЗЈАВАТА НА КОС: Тоа ме плаши, бидејќи звучи како директно мешање во внатрешните работи

Јаневска: Директорка на студентски дом купувала пилешко за 570 денари по килограм

Јаневска: Директорка на студентски дом купувала пилешко за 570 денари по килограм