Левица прашува зошто Македонија воведе визи за Куба и Боцвана?
Објавено во: Македонија 06 Декември, 2022 17:10
Левица ја критикува владината одлука за визи кон Куба и Боцвана и вели дека ова е уште еден показател за нејзината вазалска позиција кон „камшикарите“ од Запад.
Според Левица, надворешната политика на Македонија целосно ја има изгубено својата сувереност. Ова го потврдува и одлуката на македонското МНР да воведе визи за земји како Куба и Боцвана, велат од партијата.
„Ваквата одлука на нашето МНР, без апсолутно никаква причина и образложение, да воведе визен режим на земји кои никогаш во својата историја немат водено штетна политика кон Македонија, е навистина сулуда. Особено што станува збор за држави кои безрезервно ја признаваа државата под нејзиното уставно име, почитувајќи го правото на самоопределување на македонскиот народ и неговиот суверенитет над својата држава“, стои во соопштението на партијата.
Левица најстрого ја осудува ваквата, како шти вели, срамна одлука на владата предводена од СДСМ и ДУИ, чија единствена цел во нивното водење на надворешната политика, очигледно е само тоа да бидат допадливи и максимално понизни кон нивните „камшикари”.Европската комисија во извештајот до Европскиот парламент и до Европскиот совет за визниот режим пишува дека Северна Македонија во изминатата година не презела активности за натамошно усогласување со визната политика на ЕУ и дека сѐ уште не вовела визи за земјите за кои е потребна виза за ЕУ – Азербејџан, Боцвана, Куба, Ел Салвадор, Косово и Турција. Инаку во истиот текст претходно земјите членки оцениле дека имаат добра соработка со Северна Македонија и во управувањето на границите и во однос на реадмисијата.
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните




