19 Декември, 2025
0.0513

Левица: Предлагаме платено породилно отсуство на жените земјоделки, но власта ги дискриминира

Објавено во: Македонија 19 Јули, 2025 14:20

Добивај вести на Viber

Антифашистичкиот фронт на жените - Левица (АФЖ - Левица) најостро реагира на срамниот, деградирачки и нецивилизациски третман на Власта кон жените земјоделки во Република Македонија, кои и понатаму се исклучени од законското право на породилно отсуство и боледување, велат од Левица.

„Потсетуваме дека во април 2023 година, пратениците од Левица имаа поднесено Предлог-закон за измена и дополнување на Законот за здравственото осигурување со кое се предложија соодветни измени за да им се овозможи платено породилно отсуство на жените земјоделки. Од тогашната влада на СДСМ и ДУИ предлогот на Левица доби негативно мислење, а Законот ја помина само првата собраниска фаза по што беше и остана блокиран на комисијата со која раководеше ДУИ“, реагира партијата.

Според нив, државата „штеди“ токму на ова прашање.

„Жената - земјоделка е сведена на молителка, принудена е да аплицира за надоместок за породилно отсуство преку иста програма преку која се аплицира за субвенции за трактор и за крава. Во 2023 година, од 4 поднесени барања за породилно отсуство, само едно било одобрено, со исплата од 100.000 денари за сите 9 месеци бременост. Во 2024 - уште полошо: само едно одобрено од 6 барања, со мизерни 81.000 денари. Нејасно е како државата може да „штеди“ токму на ова - на еден од најосновните облици на социјална поддршка, што во секое цивилизирано општество претставува гарантирано право. Наместо да обезбеди достоинствени услови за трудниците и мајките, институциите испраќаат понижувачка порака: дека нивниот труд, здравје и живот не се приоритет“, соопшти Левица.

Од партијата го осудуваат, како што велат, молкот и неактивноста на Министерството за здравство.

„Го поздравуваме чекорот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и на Хелсиншкиот комитет, кои поведоа тужба против Владата и Министерството за здравство, поради очигледна системска дискриминација врз жените земјоделки. Правото на мајчинство не смее да биде луксуз, ниту програма, туку законски загарантирано право! АФЖ - Левица остро ги осудува молкот и неактивноста на Министерството за здравство, кое упорно одбива да предложи измени на Законот за здравствено осигурување и покрај јасните препораки од релевантните институции.
Бараме Владата на својата приоритетна листа веднаш да стави реално потребни мерки и тоа:
1. Итна измена на Законот за здравствено осигурување со која жените - земјоделки ќе добијат еднаков пристап до породилно и боледување.
2. Признавање на жената - земјоделка како рамноправна работничка и граѓанин на оваа држава, а не статистичка категорија за поткуп пред избори.
3. Јавна одговорност од институциите кои со години толерираат дискриминација врз основа на пол, личен статус и припадност на маргинализирана група.
Земјата што сака мајки, не смее да ги третира како апликантки за трактори и крави! 
Жената од село или жената - земјоделка не е „помалку жена“, „помалку мајка“ или „помалку граѓанин“, туку таа стои на фронтот на егзистенцијата и грижата за земјата, таа е стожер на семејството и производител на храна!“, стои во соопштението на Левица.

Можеби ќе ве интересира

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните