18 Декември, 2025
0.0530

Левица со Иницијатива до Уставен бара поништување на основачките акти на клубот „Ванчо Михајлов”

Објавено во: Македонија 09 Септември, 2022 20:03

Добивај вести на Viber

Левица поднесе Иницијатива до Уставен суд за поништување на основачките акти на Центарот „Ванчо Михајлов”. 

Од партијата велат дека Левица ги користи сите правни механизми кои ги има на располагање за забрана на понатамошната работа на неофашистичките клубови, кои непречено од пробугарските СДС и ДУИ продолжуваат да шират иредентистичка пропаганда и да промовираат фашистичка идеологија, спротивно на Уставот, темелните уставни вредности и законот.

„До Уставниот суд на Република Македонија, како орган надлежен за оценување на уставноста на статутите и програмите на здруженијата на граѓани, Левица поднесе Иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Статутот и Програмата на Здружението „Културен Центар Иван Михајлов” – Битола, повикувајќи се на член 110 и член 112 од Уставот. Во Статутот и Програмата на Здружението се наведува дека мисијата и целта на Здружението е промоција на животот, идеологијата, рехабилитирање и осветлување на ликот и делото на Иван (Ванчо) Михајлов. Со ваквите програмски цели и мисија, дејствувањето на Здружението е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија и разгорување на национална омраза и нетрпеливост, но и кон негирање на слободното изразување на националната припадност на македонскиот народ“, велат од партијата. 

Додаваат дека ноторен историски факт е дека според идеологијата на Иван Михајлов, македонската нација и јазик не постојат.

„Со рехабилитација на ликот и делото на Иван Михајлов, ноторен и докажан соработник на Адолф Хитлер, се рехабилитира фашизмот, неонацизмот и тероризмот. Имајќи предвид дека Македонија е конституирана како национална држава на македонскиот народ, секоја форма на здружување и изразување насочени кон негирање на посебноста на македонската нација се директна иредентистичка закана за суверенитет и територијалниот интегритет на Републиката, па оттука неопходна општествена потреба и уставна обврска е истите да се забранат“, велат од партијата. 

Очекуваат Уставниот суд да ја прифати иницијативата и да поведе постапка за оцена на уставноста и законитоста на оспорените акти, во која ќе донесе мериторна одлука со која ќе ги ПОНИШТИ основачките акти на Здружението „Културен Центар Иван Михајлов” – Битола, како спротивни на Уставот.

Инаку, министерот за правда Никола Тупанчевски најави формирање ад-хок тело кое треба да дозволува, односно да не дозволува регистрација на бугарски здруженија со контроверзни имиња во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми