Левица во Собранието поднесе предлог Декларација за осуда на бугарскиот национал-шовинизам
Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2020
Левица денеска со двајцата пратеници Димитар Апасиев и Ворис Крмов до претседателот на Собранието доставија предлог Декларација во 10 точки за осуда на бугарските национал-шовинистички претензии. Партијата очекува точките да бидат прифатени од сите пратеници во Законодавниот дом.
Во Декларацијата се бара да се отфрли „бугарскиот т.н. Објаснувачки меморандум за односите на Република Бугарија со Република Македонија во контекст на проширувањето на Европската унија и процесот на асоцијација и стабилизација (септември 2020) упатен од страна на официјална Софија до земјите-членки на ЕУ, како недоличен шовинистички акт кои ги урива добрососедските односи меѓу двете земји“
Во предлогот што се бара да биде прифатен стои дека „Македонското име, јазик, култура, идентитет, историја, национална свест и самобитност се апсолутно, суверено, нераскинливо и неотуѓиво универзално колективно право на македонскиот народ“
Се бара од премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи да бидат поагилни, подржавнички и пожестоки во нивните дипломатски напори за одбрана од намерните иредентистички напади и провокации
Истото се бара и од претседателот Стево Пендаровски и од МАНУ, а во документот се очекува да се донесе „Македонска платформа за националните интереси на македонскиот народ, од страна на лидерите на политичките партии во Македонија“.
Се бара распуштање на билатералната комисија за историски и образовни прашања од македонско-бугарскиот Мешовит комитет, а Декларација откако ќе се изгласа под итно да се достави до ООН, Советот на Европа, ЕУ, ОБСЕ-ОДИХР, Европскиот парламент, до владите на сите полноправни земји-членки и земји-кандидатки за членство на ЕУ, како и до други сродни меѓународни организации и пријателски народи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.