29 Ноември, 2024
0.0384

ЛИДЕРИТЕ НА Г7 ПРЕДУПРЕДУВААТ: Ќе се зголемува економската несигурност, еве го нивниот план

Објавено во: Економија 13 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Финансиските лидери на земјите од Г7 предупредија денеска, на крајот од тридневниот самит во Нигата, Јапонија, на зголемена глобална економска несигурност, а главни теми беа должничката криза во САД и последиците од рускиот напад врз Украина. како и поддршка за Киев, објави Ројтерс.

Министрите за финансии и гувернерите на централните банки на Г7 во неколку точки најавија што конкретно планираат да направат, додава јапонската агенција Kyodo.

"Подготвени сме да преземеме конкретни мерки за да обезбедиме финансиска стабилност, како и да обезбедиме дека постоечкиот финансиски систем ќе остане силен. Нашиот план е да започнеме корисни партнерски иницијативи за синџирите на снабдување до крајот на годината. Исто така, посветени сме на безрезервна поддршка за Украина, но и за давање помош на нејзините соседни земји.Ќе ја спречиме Русија да ги избегне санкциите, ќе го зајакнеме следењето на трансакциите од Москва и другите земји“, се вели во соопштението.

Се додава дека глобалната економија „покажа отпор на голем број шокови, вклучително и пандемијата на Ковид, рускиот напад врз Украина и инфлацијата“.

„Мораме да останеме будни, да бидеме агилни и флексибилни во макроекономската политика поради зголемената неизвесност за глобалната економска ситуација“, додаваат финансиските лидери.

Во соопштението не се споменува должничката криза во САД, која ги погоди светските пазари во време кога трошоците за задолжување пораснаа поради агресивното монетарно стегање од страна на САД и Европската централна банка, додава Ројтерс.

„Јасно е дека проблем во најголемата светска економија ќе има негативно влијание врз сите“, изјави претседателот на Светска банка Дејвид Мелпас за Ројтерс.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Министерката Божиновска на средба со британскиот комесар за трговија за Европа, Крис Бартон, и амбасадорот Метју Лосон

Министерката Божиновска на средба со британскиот комесар за трговија за Европа, Крис Бартон, и амбасадорот Метју Лосон

Трамп со најавите за зголемени царини дополнително „ја надува“ рекордно високата цена на кафето

Трамп со најавите за зголемени царини дополнително „ја надува“ рекордно високата цена на кафето

МИЦКОСКИ ДАДЕ ДЕТАЛИ ЗА НАБАВКАТА НА АВТОБУСИ: Кога ќе почне нивното отплаќање?

МИЦКОСКИ ДАДЕ ДЕТАЛИ ЗА НАБАВКАТА НА АВТОБУСИ: Кога ќе почне нивното отплаќање?

Струјата поскапува? ЕСМ понуди за 2 евра повисока цена до ЕВН Хоме

Струјата поскапува? ЕСМ понуди за 2 евра повисока цена до ЕВН Хоме

КРИЗА ЗА РАБОТНИЦИ: Германија има потреба од негуватели

КРИЗА ЗА РАБОТНИЦИ: Германија има потреба од негуватели

Мицкоски: „Акуо“ беа кај мене, под вакви услови не може да биде странски инвеститор

Мицкоски: „Акуо“ беа кај мене, под вакви услови не може да биде странски инвеститор

РУСКИТЕ АНАЛИТИЧАРИ ПРЕДВИДУВААТ ЛОША 2025 ГОДИНА: Eдно евро се тргува за 115.66 рубљи

РУСКИТЕ АНАЛИТИЧАРИ ПРЕДВИДУВААТ ЛОША 2025 ГОДИНА: Eдно евро се тргува за 115.66 рубљи

Азески и Туркменоглу: Поддршката за конкурентноста на приватниот сектор – дел од стратегијата на ЕБОР

Азески и Туркменоглу: Поддршката за конкурентноста на приватниот сектор – дел од стратегијата на ЕБОР

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични