19 Декември, 2025
0.0500

ЛИДЛ „ДОНЕСЕ“ 45 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ЗЕМЈАВА, во што ќе инвестира познатиот синџир маркети?

Објавено во: Економија 11 Ноември, 2022 11:33

Добивај вести на Viber

Познатиот трговски ланец „Лидл“ од почетокот на овој месец значително ја зголеми основачката главнина. Дека намерите за инвестиција во земајва се сериозни покажуваат преку внесот на 45 милиони евра или точно 44.500.000 евра, средства кои се запишани во основната главнина на компанијата.

Промената во Централен регистар од компанијата ја направиле на почетокот на месецов, поточно на петти ноември, а промената во ЦР е внесена на 10 ноември.

За упатените ова е знак дека компанијата ќе продолжи со намерите за инвестирање во нашата земја, и појаснуваат дека оваа сума ќе и биде повторно на располагање на компанијата, која потоа може да ги инвестира во недвижен или подвижен имот, како и да послужат за набавки на материјали, обука на вработени...

Нашите соговорници појаснуваат дека средствата што се внесени во главнината не се пари кои одат во државата, туку се средства повторно на компанијата, и средства кои ќе им бидат на располагање. Според нив, овие средства може да се искористат за инвестиции во дистрибутивниот центар кој го најави „Лидл“, но и во набавка на возила кои исто така ќе им бидат потребни, или реновирање и опремување на маркетите кои ќе ги користат, но и во набавка на роба, или пак во обуки на вработените...

Фактор веќе објави дека компанијата „Лидл“ објави огласи за вработување, при што со тогашниот конкурс се бараа кадри за шест работни позиции, меѓу кои продажен специјалис, сметководител, бренд стратег, специјалист за човечки ресурси... Очекувањата се дека за дел од овие работни места кои ќе ги отвори познатиот меѓународен синџир на маркети ќе следуваат обуки, најверојатно во странство. 

Во пролетните месеци од годинава градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски посочи имал средба со претставниците на „Лидл“ кои се интересирале за достапни локации за отворање маркети и регионален дистрибутивен центар.

За влезот на „Лидл“ во Македонија се зборува уште од 2021 година, кога тогашниот премиер Зоран Заев соопшти дека компанијата ќе инвестира во нашата земјa 300 милиони евра, и притоа ќе има обврска да откупува македонски производи и да ги продава во регионот.

Беше посочено дека ланецот маркети ќе откупува и земјоделски и кондиторски производи од нашето поднебје и ќе ги продава во своите маркети во земјава, но и во останатите продавници во соседството.

Меѓународниот синџир на маркети „Лидл“ има 11.200 продажни објекти во 32 земји ширум светот, а вработува над 300 илјади луѓе во светот.

„Лидл“ веќе има изградено реноме меѓу македонските граѓани, кои неизбежно ги посетуваат нивните маркети во соседните земји кога патуваат таму, а во последниве месеци зачестија и патувањата на наши сограѓани во соседството каде има нивни продавници токму со намера да „испазарат“ во „Лидл“.

П.О. 

Можеби ќе ве интересира

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?