Лилјана Поповска ги моли колегите да не ја предлагаат за претседател
Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2018 11:40
На седницата на Централниот одбор на ДОМ, претседателката Лилјана Поповска ги замоли колегите да не ја предлагаат за претседател, затоа што останува на својот став, искажан уште на претходниот конгрес пред четири години, а повторен повеќе пати во изминатиот период, дека тоа ќе биде нејзин трет и последен мандат на таа позиција.
Ова беше дискутирано во контекст на внатрепартиското предлагање кандидати по општинските организации, кое е во тек. Подготовките за Конгресот на големо течат, откако на 11 септември оваа година беше објавен јавен повик за кандидирање за носители на највисоките партиски функции.
- Денеска, ДОМ е стабилна партија со јасно профилирана зелена опција, полноправна членка на Европските Зелени. Заокружен е циклусот од иницијатива, преку изградба на структура и идеолошко профилирање, до меѓународно вмрежување. ДОМ има изградено одлични кадри, искрено посветени на зелената идеологија, кои низ демократска процедура ќе изберат ново раководство, спремно да се носи со сите предизвици,“ истакна Поповска.
На вчерашната седница на Централниот одбор на ДОМ беше донесена одлука со која се утврдува 28 октомври 2018 година како датум за одржување на редовниот Четврти конгрес на партијата. Се водеше сметка терминот да не се поклопи со евентуалното одржување на предвремени парламентарни избори, кои се најавени за крајот на ноември или декември.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




