„Лимак“ под надзор на Инспекторатот за труд, по протерувањето на странските работници
Објавено во: Економија 10 Февруари, 2021
„Лимак“ и мултифункционалниот проект Diamond of Skopje се под надзор на Државниот инспекторат на труд, откако минатиот месец на градилиштето зад Рамстор во центарот на Скопје од полицијата без затекнати повеќе десетици странски работници без регулиран престој.
На прашањето од „Фактор“ дали се пријавени и домашни работници кои се ангажирани и под какви услови работеле кај светски познатиот холдинг, од Инспекторатот велат дека се утврдува фактичката состојба и дека јавноста ќе биде дополнително известена по превземените мерки. Од таму додаваат дека работниот статус на ангажираните на градилиштето кај „Стара железничка“ им се утврдувал и во Агенцијата за вработување, а на тапет се четири работодавачи.
„На ден 23.01.2021 година на барање на Министерството за внатрешни работи Биро за јавна безбедност РЦ за ГР Север ОПКМСР, во координирана акција со службени лица од наведеното Министерство, инспектори од Државниот инспекторат за труд извршија вонредни инспекциски надзори на градежен објект на улица „Јордан Мијалков“ б.б - лоциран позади ТЦ Рамстор, кај четири правни субјекти, каде беа затечени вкупно 75 лица, странски државјани, кои на објектот работеа како ѕидари, тесари и општи градежни работници. Во врска со утврдување на работниот статус, односно поседување на валидна документација извршен е инспекциски надзор во АВРСМ-Центар Скопје.
Заради комплексноста и обемноста на инспекциските надзори истите се во тек и по завршување на надзорите за утврдената фактичка состојба и преземените мерки ќе бидете дополнително известени“, гласи одговорот од ДПИ.
Повеќето странски работници кои беа затекнати од полицијата како нерегуларно работат зад параваните на градилиштето на турската фирма „Лимак“ се од Турција, беше претходно објавено. Тогаш се тврдеше дека МВР го пријавила случајот во Обвинителството, а во пријавата има и фирми - подизведувачи.
Лимак, според договорот, треба да изгради подземна сообраќајница и голем станбено – деловен комплекс со четири дваесеткатници за две години, а засега единствено е изграден хотелот.
Diamond of Skopje, заедно со шопинг центарот Skopje East Gate и комплексот кој е предвиден да се гради кај паркингот спроти ГТЦ и хотелот Холидеј Ин се проектите кои треба значително да го изменат ликот на главниот град во наредниот период.
А.К.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.