25 Март, 2025
0.0291

Во рамките на Иницијативата за подготвеност и превенција од катастрофи за Југоисточна Европа

ДЗС И БОЛНИЦАТА АЏИБАДЕМ СИСТИНА ВЕЖБАА ЕВАКУАЦИЈА

Објавено во: Мои пари 23 Јуни, 2018 13:49

Добивај вести на Viber

Симулациска вежба за Згрижување и евакуација на болни, повредени, посетители и персонал на безбедно место, давање прва медицинска помош, противпожарна заштита и справување со елементарни непогоди, во саботата беше одржана во Клиничката болница Аџибадем Систина. Големата показна вежба е организирана од страна на Дирекцијата за заштита и спасување , аво рамките на Иницијативата за подготвеност и превенција од катастрофи за Југоисточна Европа - ДППИ ЈИЕ, со поддршка на противпожарната бригада на Град Скопје и со тимови на Црвениот крст на Град Скопје.

За време на показните вежби, коишто се состоеа од теоретски и од практичен дел, учесниците и вработените од Клиничката болница Аџибадем Систина се запознаа со планот за евакуација во случај на елементарна непогода, превентивните активности за заштита од пожари на објекти, прва заштита од пожари и со практичната примена на противпожарната опрема. Безбедноста и заштитата на персоналот и пациентите е еден од главните приоритети на Аџибадем Ситина, наведуваат во Клиничката болница.

„Целта на спроведување на акцијата е да бидеме сигурни дека персоналот во болницата е подготвен и дека може да одговори за време на кризни состојби од било кој вид. Преку оваа акција денес видовме дека персоналот е обучен на тој начин што може да биде поддршка на одговорните тимови (полиција, противпожарна заштита и други), може да преземе неопходни акции за евакуација на пациенти и нивните семејства или нивен пренос на безбедна локација. Кружниот тек на движење низ болничкиот простор овозможува лесен пристап до секоја точка низ болницата што е од голема корист, особено во време на кризни состојби. Просторот низ болницата е прецизно обележан на тој начин што овозможува непречено движење до соодветната локација.“, изјави Марјанчо Јаневски, командир на Единицата за заштита и спасување во Клиничката болница Аџибадем Систина.

Активностите кои што се превземаат првенствено имаат превентивно-едукативен карактер за заштита. Ваквите и слични вежби на определен временски период се дел од практиката на Аџибадем Систина секогаш подготвено да се одговори на различни предизвици.

Можеби ќе ве интересира

Новата пролетна колекција 2025 на Luisa Spagnoli пристигна во Ramstore Mall!

Новата пролетна колекција 2025 на Luisa Spagnoli пристигна во Ramstore Mall!

ДОЗА СРЕЌА ОД CREDISSIMO ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ДАУНОВ СИНДРОМ

ДОЗА СРЕЌА ОД CREDISSIMO ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ДАУНОВ СИНДРОМ

Пинтерест и Алеф го прошируваат продажното присуство на нови пазари на Балканот и Балтикот

Пинтерест и Алеф го прошируваат продажното присуство на нови пазари на Балканот и Балтикот

MINT Fintech Group и OneID: Стратешка соработка за дигитална безбедност

MINT Fintech Group и OneID: Стратешка соработка за дигитална безбедност

ВИДЕОЛОТАРИЈА И ГОДИНАВА СПОНЗОР НА ХРИСТИЈАН БУЗАЛКОВСКИ

ВИДЕОЛОТАРИЈА И ГОДИНАВА СПОНЗОР НА ХРИСТИЈАН БУЗАЛКОВСКИ

Новите алуминиумски системи на REHAU Window Solutions сега достапни и во Македонија

Новите алуминиумски системи на REHAU Window Solutions сега достапни и во Македонија

„Лицето зад маската“ – кога дизајнот станува простор за сочувство Мебел Венеција на Саемот на мебел 2025

„Лицето зад маската“ – кога дизајнот станува простор за сочувство Мебел Венеција на Саемот на мебел 2025

„Кредо Кард прославува роденден со ексклузивна понуда: 50 отсто попуст на месечни надоместоци“

„Кредо Кард прославува роденден со ексклузивна понуда: 50 отсто попуст на месечни надоместоци“

Саем на мебел 2025: Кога домот е повеќе од простор - заедно градиме поддршка и надеж

Саем на мебел 2025: Кога домот е повеќе од простор - заедно градиме поддршка и надеж