СН Мото Центар: Највисоки стандарди на технички преглед на возила и поволности за клиентите
Објавено во: Мои пари 26 Декември, 2024
СН Мото Центарот редовно има промоции со поволности за клиентите. Со најновата акција за новогодишните празници возачите можат да обезбедат меѓународна возачка дозвола по промо цена од само 599 денари. Фотографирањето е на лице место, а клиентот добива гратис 6 фотографии. Акцијата е нашата новогодишна честитика за возачите. Сакаме да им ја честитаме новата година, посакувајќи им уште многу прекрасни и со наша помош безбедни патувања, во кои ќе уживаат и во текот на 2025 година.“- вели Кристина Комненовиќ, управител на Станицата за технички преглед СН Мото Центар во Скопје.
СН Мото Центар во континуитет вложува во исполнување на највисоки стандарди за технички преглед, како и во професионален кадар и модерна опрема која овозможува ефикасно и квалитетно изведување на целиот процес на технички преглед на возила. Професионалната услуга и редовните поволности за клиентите се основите на работењето на центарот, вели Кристина Комненовиќ, управител на Станицата за технички преглед СН Мото Центар во Скопје.
Заради ова, вели таа, голем број возачи во скопскиот регион веќе се редовни корисници на услугите на центарот, и ги поканува и останатите да се уверат во ефективноста на вработените и квалитетот на услугите.
„СН Мото Центар e модерна станица за технички преглед на возила, која ги задоволува највисоките европски стандарди. Овој декември СН Мото Центарот заокружува две години успешна работа. Две години во кои што целиот наш тим максимално е посветен да одговори на барањата на нашите клиенти со кои негуваме долгорочна соработка. Потврда за тоа е растот на бројот на редовни корисници на услугите во центарот. Тоа зборува за задоволството на клиентите, што за нас е дополнителен поттик во секојдневното работење. Со примена на модернаопрема за технички преглед нашата цел е да испорачамеврвна услуга на сопствениците на моторни возила коикористат услуги во СН Мото Центарот. Воедно, настојуваме тоа да биде направено експедитивно, бидејќи времето денес е скапоцено за сите.“- вели Комненовиќ.
Сето ова е во функција на поголема безбедност во сообраќајот, бидејќи техничката исправност на возилата е од исклучително значење.
„Тоа е аспект на кој уште повеќе треба да се обрне внимание во зимa. За возење во зимски услови, секогаш е потребно многу поголемо внимание и поголема концентрација од страна на возачот. Важно е да се почитуваат законските прописи, но исто така многу е важно да возите технички исправно возило. Оттука, покрај човечкиот фактор, извесно е дека техничката исправност на возилото е меѓу најважните фактори за да се осигури поголема безбедност во сообраќајот. Сите анализи покажуваат дека техничката неисправност на возилата е најчеста причина за сообраќајни незгоди, кои можат да завршат и со фатални последици. Навремените и редовни проверки на возилата се од клучно значење за безбедноста во сообраќајот. Дури и статистиките покажуваат дека со превентивни технички прегледи се намалува бројот на сообраќајни незгоди, односно се зголемува безбедноста во сообраќајот. Затоа во нашето секојдневно работење максимално сме посветени на имплементирање на највисоките стандарди за технички преглед на возилата. И ние и возачот мора да сме сигурни дека штом едно возило ја напушта нашата станица за технички преглед, е исправно и целосно функционално да биде учесник во сообраќајот.“- вели таа.
Преку квалитетна и ефикасна услуга, од отворањето во 2022 година па до денес, СН Мото Центарот секојдневно ја оправдува довербата на возачите, кои освен редовни тука вршат и превентивни технички прегледи. Како одговор на нивната лојалност, СН Мото Центарот редовно има промоции кои овозможуваат поволности за клиентите.
„Со најновата акција во пресрет на новогодишните празници возачите можат да обезбедат меѓународна возачка дозвола по промо цена од само 599 денари. При тоа не мораат да носат фотографии, бидејќи фотографирањето се врши на лице место, брзо и лесно, а клиентот добива гратис 6 фотографии. Акцијата важи во СН Мото Центар Скопје до 15 јануари 2025. Ги поканувам возачите да дојдат во нашиот центар и да извадат меѓународна возачка дозвола по најповолни услови бидејќи празничната сезона е една од најубавите сезони за патувања. Оваа акција на некој начин е и нашата новогодишна честитика за нив. Сакаме да им ја честитаме новата година, посакувајќи им покрај успех и среќа, уште многу прекрасни и со наша помош безбедни патувања, во кои ќе уживаат и во текот на 2025 година.“- вели таа.
Инаку, СН Мото Центарот е мултифункционален објект кој се простира на 6.000 метри квадратни, лоциран на улица Калош Дани број 22, Момин Поток - Карпош во Скопје. Центарот располага со 1.847 метри корисна површина, како и со најсовремена опрема и стручни кадри. Во неговото функционирање се вложени искуството и традицијата на квалитет по кои СН Групацијата е препознатлива.
Покрај технички преглед, во СН Мото Центарот возачите можат да ги добијат сите услуги поврзани со регистрација на возила, А-тест, Цемт сертификати, Хомологација, ПТЕУ, Меѓународна возачка дозвола, Полномошно и Пошта. Преку шалтер на СН Осигурителен Брокер АД Битола се нудат и сите видови осигурување, вклучително автоодговорност, зелен картон, патничко и здравствено осигурување.
Тука се нудат и услугите на Центарот за обука на професионални возачи, односно обука и полагање со кои се добиваат сертификати за управител, АДР возач, советник за безбедност и професионален возач. Во СН Мото центарот е сместен и шалтер за издавање на тахографски картички, како и тир карнети и Т1.
Сите овие услуги можат да се добијат секој работен ден од 8 до 16 часот, додека во сабота центарот работи од 8 до 12 часот. Дополнителни информации можат да се добијатнавеб страната snmotocentar.mk и на телефоните: 071/76-77-76,076 666 607 и15 771 додека сите промоцииклиентите можат да ги следат и преку профилите на СН Мото-центарот на социјалните мрежи.Информации за тахографски картици може да се најдат на tahomobil.mk, а за сите видови осигурување на snbroker.mk.