ЛИНК ВО ЖИВО: Киднапиран обвинител, Заложничка драма во Турција!
Објавено во: Балкан 31 Март, 2015 15:38
Вооружени напаѓачи го киднапирале обвинителот во неговата канцеларија во Истанбул, во тек е операција на ослободување на заложникот.
Припадниците на забранетата радикална левичарска група го киднапирале јавниот обвинител Мехмет Селим Кираз во неговата канцеларија во Истанбул и се заканиле дека ќе го убијат доколку не бидат исполнети нивните барања поврзани со случајот на тинејџерот Беркин Елван кој настрада во текот на протестите во Гези паркот.
Ројтерс пренесе дека марксистичката револуционерна народносолободителна партија -Фронт објавила фотографија од заложникот со ставен пиштол на чело.
Групата на овој обвинител, кој ја водел истрагата за случајот на Елван му дала рок од 15 часа и 36 минути по локално време да го соопшти идентитетот на полицаецот за кој тврди дека стои зад убиството на момчето, или ќе биде убиен.
„Елван е повреден на протестите во 2013 година откако паднал во кома. Починал минатата година во март, а обвинителот работел на случајот неколку месеци“, соопштува Ројтерс.
Повикувајќи се на турската агенција Доган, Франс прес известува дека од судот се слушнале пукања. Напаѓачите од Канцеларијата на шестиот кат од зградата на Судот во Истанбул со закана на оружје од канцеларијата го оддалечиле соработникот на Кираз. На местото на инцидентот стигнала и полицијата, која се обидела да ја отвори вратата на канцеларијата, но во тие моменти се слушнале пукања во канцеларијата.Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




