05 Декември, 2025
0.1337

ЛИСТЕРИЈА: „Екстра Меин“ нуди докази за незаконско работење на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Велес

Објавено во: Агробизнис 18 Август, 2014 14:26

Добивај вести на Viber

Кумановската фабрика „Екстра Меин“, прозвана за ширењето на бактеријата листерија во Македонија, денеска преку соопштение до медиумите нуди нови докази за злоупотреби и фалсификувања во постапката за утврдување на причинителот на листериоза. Од компанијата наведуваат дека и Државениот санитарен и здравствен инспекторат, Подрачно одделение- Гевгелија и ЈЗУ Центар за јавно здравје од Велес тврдат дека на 23 јули 2014 година извршиле инспекциски надзор во гевгелиската Компанија АЛДИ ЕМ Плус, маркетот од каде што наводно е земен спорниот примерок за анализи на сечкан вакумиран свински врат од производителот Екстра Меин. „На посочениот датум – 23 јули, во наведениот малопродажен објект НЕМА за продажба СЕЧКАН ВАКУМИРАН СВИНСКИ ВРАТ од Екстра Меин! Прв датум кога од страна на дистрибутерот во посочениот објект е доставен за продажба вакумиран свински врат е 24 јули 2014 година!“, тврдат од компанијата. Овие тврдења ги поткрепуваат со фактури-испратници од нивниот дистрибутер кон овој малопродажен ланец. „Врв на фингирањето на случајот граден врз Екстра Меин е Резултатот од тестирањето на спорната мостра во Центарот во Велес, каде што потписничката на документот Шурбевска наведува дека датумот на земањето и на приемот на мострата е на 25 јули, 2014 година! Покрај овој факлсификат, Шурбевска треба да му објасни на министерот Тодоров, на македонската јавност, но и на Јавното обвинителство, меѓу останатото, каде била мострата во овие два критични дена. Настрана што се уште стои отворено прашањето од каде, како и кога е земена спорната мостра! Сите документи од наша страна се доставуваат и до Јавното Обвинителство!“, стои во соопштението од „Екстра Меин“. Од таму велат дека го поддржуваат министерот за здравство Никола Тодоров „да не дозволува да го манипулираат, тие што се директно вклучени во фабрикувањето на темата листерија во Екстра Меин!“.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?