05 Декември, 2025
0.2027

Листерија и во Данска – од заразено месо починаа 12 лица

Објавено во: Агробизнис 13 Август, 2014 11:18

Добивај вести на Viber

Вкупно 12 лица починаа во Данска изминатиот месец од опасната бактерија листерија. Надлежните веќе имаат сомнителен производ за со кој се смета дека е извор на труењето. Станува збор за традиционалниот дански специјалитет Рулеполсе, направен од месо, а кој го произвела мала компанија за преработки од месо во близина на Копенхаген. Компанијата е затворена, а сите нејзини производи се повлечени од продажба. Опасните инфекции со листерија не се новина во Европа - во 200 година во Германија и Австрија од ваква зараза починаа шест лица кои наводно јаделе контаминирано сирење. Европската агенција за безбедност на прехранбените производи наведе дека во 2011 година од листериоза заболеле вкупно 1.470 лица, а секое 10-то починало. Заразата со листерија годинава ја погоди и Македонија, а од опасната бактерија починаа четири лица. Надлежните институции објавија дека листеријата била откриена во пакуван свински врат на кумановската фабрика „Екстра Меин“, но суперанализата ова не го потврди. Конечните резултати треба да бидат објавени денеска.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?