05 Декември, 2025
0.1008

ЛИСТЕРИЈА: Ќе немаше зараза ако имавме македонско месо во сувомеснатите производи!

Објавено во: Агробизнис 21 Август, 2014 08:35

Добивај вести на Viber

Последните информации дека изворот на листеријата е во увозната суровина од која се произведувале сувомеснатите производи на компанијата Екстра меин, го отвораат прашањето, дали ако имавме домашна суровина производите ќе беа безбедни? Упатените во оваа проблематика се со поделени мислења. Дел сметаат дека домашното производство е најбезбедно бидејќи примарните производители подлежат на ригорозни контроли, други пак велат дека листеријата не познава домашно или странско производство, бидејќи според истражувањата еден од изворите на оваа бактерија се нехигиенските услови во фармите, канализацијата и фекалиите. Фармерите се децидни, велат дека граѓаните не треба да стравуваат за безбедноста на свежото домашно месо.
- Нашето производство е безбедно, постојано имаме ветеринарни прегледи. Секое одгледувалиште е регистрирано и мора да има склучено договор со ветеринарна станица која врши прегледи и се грижи за здрвајето на животните. Кога се продава, ветеринарниот доктор е должен да даде потврда за здравствената состојба на животните. Исто така и кога се заколува животното, ветеринарниот доктор го прегледува и утврдува дали е безбедно за продажба и ако е го обележува со печат. Во малопродажбата инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринасртво вршат контроли дали месото се чува во ссодветни услови и температури. Свежото месо е безбедно, многу полесно листеријата може да ја добијат луѓето од зеленчукот и овошјето, отколку од свежото месо кое се пече или вари, а секоја бактерија на 72 степени се уништува, вели за Фактор претседателот на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија, Ефтим Шаклев.
Агроекономистите сметаат дека можеби листеријата немаше да се појави ако имавме домашно производство на суровина за сувомеснати производи. Зошто во Србија нема листерија, затоа што тие имаат домашна суровина за која точно знаат со каков квалитет е, имаат евтина добиточна храна. Да имавме домашна суровина со која ќе се покриеше најголем дел од домашните потреби, можеби немаше да има листерија, вели за Фактор агроекономистот, Борис Анакиев Според упатените во бизнисот долгиот транспорт на увозното месо може да придонесе за развој на оваа бактерија. Фамерите велат дека хигиената во фармите и кланиците е клучна за заштита од листериозата
- Ако имавме поголемо домашно производство на месо, можеби немаше да дојде до овие не сакани смртни случаеви. Секој долг транспорт на месо особено  прекуокеанскиот може да придонесе за развој на бактеријата. А да не зборувам за заболени животни од листериоза во тие земји. Оваа бактерија е секаде околу нас.И во погодни услови се активира и развива. Со други зборови, во нехигиенски фарми има иделан подлога за развој, а такви има кај нас, затоа велам дека листеријата не бира домашно или странско месо. Понекогаш се случува да ја нема во фармите, но ако кланицата нема добри хигиенски услови особено ако телињата после колење се чуваат 24 часа во кожа и потоа се соголуваат, доаѓа до заразување на месото, а потоа од месото се заразуваат машините, ножевите,алатитевели Зоран Лазаревски, производител на јунешко месо бејби биф.
Дали Македонија има услови за производство на домашна суровина? Јавна тајна е дека домашните сувомеснати производи се произведуваат од увозна суровина. Македонија годишно троши по 100 милиони евра за увоз на смрзнато месо, кое месните индустрии во недостиг од домашно производство, го увеузваат за прозводство на салами, чајни, свински врат и други сувомеснати производи. Поради контиунираниот пад на добиточниот фонд, Македонија со години е увозно зависна од месо за производство на месни преработки а делумно и од свежо месо. Според податоците околу 90 отсто од говедското и 50 отсто од свинското месо наменето за месни преработки доаѓа од увоз. Најголем пораст е забележан кај увозот на живинско месо. Во 2012 година производството на свинско месо изнесувал 10.651 тони , на говедско 4.985 тони , а на овчо месо 5.600 тони. Според податоците од последната публикација за стокова размена на Државниот завод за стастика, во 2012 година најмногу смрзнато пилешко месо е увезено од Бразил 8.211 тони, во вредност од над 18 милиони долари, следуваат Германија ,Канада и САД. Истата година Македонија од Бразил има увезено 362 тони говедско замрзнато месо во вредност од еден милион долари. Речиси најмногу свинско замрзнато месо истата година сме увезувале од Шпанија 3.746 тони во вредност од над 12 милиони долари и од Германија. Агроекономистите велат дека проблемот што немаме домашна суровина е намалениот добиточен фонд, скапата добиточна храна и отсуството на стратегија.
- Најголем увоз имаме на смрзнато говедско и пилешко месо, и стар проблем е дека смрзнатото месо во малопродажбата се продава како свежо. Дали имаме услови за производство на суровина за месната индустрија?  Свинско месо за суровина со малку напор можеме да произведеме, свињите побрзо се репродуцираат од говедата. Но последниви во оваа гранка има негативни трендови, се затвораат фарми, видовите што се случи со најголемиот агрокомбинат Жито Вардар. Сточарството е гранка која стагнира, имаме сериозен проблем со увозот на говедско месо. Ние сме мала економија, имаме скапа добиточна храна, а тоа производство бара користење на големи количества храна, немаме истражувања за оваа проблематика врз кои би се изработила стратегија, немаме субвенции за гоење на телиња, и се тоа ги дестимулира фармерите. Потребна е цела анализиа и истражување за да се подготви стратегија за развој на ова производство, за колку толку да се намали увозот. Од друга страна трговијата е пазарна економија, секоја земја увезува смрзнато месо. Најголем производител на месната суровина е Бразил, таму има евтина добиточна храна за производство на евтино месо, кои и со сите транспортни трошоци им се исплаќа на месните  индустрии да го увезуваат. Но токму затоа се потребни ригорзни контроли на смрзнатото месо што фоаѓа од увоз, вели агроекономистот Анакиев.
Најмногу увоз од Бразил и Шпанија Според податоците од последната публикација за стокова размена на Државниот завод за стастика, во 2012 година најмногу смрзнато пилешко месо е увезено од Бразил 8.211 тони, во вредност од над 18 милиони долари, следуваат Германија ,Канада и САД. Истата година Македонија од Бразил има увезено 362 тони говедско замрзнато месо во вредност од еден милион долари. Речиси најмногу свинско замрзнато месо истата година сме увезувале од Шпанија 3.746 тони во вредност од над 12 милиони долари и од Германија. И бизнисмените причината поради која македонската индустрија е увозно зависна од суровина, ја лоцираат во намалениот добиточен фонд, за што клучен фактор беше скапата  добиточна храна. Фамерите велат дека производството на месо за сувомеснати производи повлекува поголеми трошоци.
- Домашните потреби конкретно за свежо свинско месо ги покриваме во целост, немаме месо за месната индустрија. Тоа е поскапо производство, свињите треба да бидат тешки над 130 килограми, тоа значи дека треба повеќе храна, концентрати, повисоки трошоци. Треба да имаме познат купец на ој ќе го продадеме месото, а тоа засега го нема. Услови за производство има но ако има пазар, но на евтиното бразилско месо ние не можеме да му конкурираме, нашата добиточна храна е скапа, тоа го прави нашиот производ поскап, вели Шаклев.
Според последните информации од надлежните, сите производи на компанијата Екстра меин се повлекуваат од продажба, а фабриката останува под клуч. Резултатите од контролите покажале дека листеријата е присутна во  свинското и пилешкото месо од кои компанијата ги произведувала сувомеснатите производи, но дека месото било од увоз од Бразил и Канада. Ј.С

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?