05 Декември, 2025
0.0589

Листеријата потврдена во 23 примероци храна, но по изворот на заразата уште се трага

Објавено во: Агробизнис 01 Август, 2014 13:52

Добивај вести на Viber

Колбасите и меленото месо сепак не се изворот на листеријата од која беа заразени осум лица во Македонија, од кои четири починаа, покажаа лабораториските анализи на Агенцијата за храна и ветеринарство. Од анализираните 610 примероци од месната и млечната индустрија во земјава, присуство на опасната бактерија листерија било утврдено кај 23, но ниту еден не може да се поврзе со случаите на листериоза кои се појавија. Од позитивните примероци кај кои било утврдено дека постои листерија, во осум случаи таа била под дозволеното ниво, додека кај останатите е направена генотипизација која не покажала ниту едно совпаѓање со листеријата кај заболените лица. „Листерија има, но во минимални количини, под 10 колонии на грам што е далеку под дозволеното ниво од 100 колонии на грам во рамки на рокот на траење на производот“, рече директорот на АХВ Дејан Рунтевски. Од Агенцијата за храна велат дека потрагата по изворот на смртоносната зараза продолжува, а ако се утврди дека тој не е во месните и млечните производи од домашно производство ќе се продолжи со тестирање на увозните производи, на овошјето и зеленчукот. Сепак, кај овошјето и зеленчукот испитувањето ќе оди многу потешко, бидејќи е тешко да се утврди од кој производител дошле конкретните производи, признаваат надлежните.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?