13 Декември, 2025
0.0356

Литературно-музички хепенинг „Читањето е супермоќ“ на 1 јуни во „Ист гејт мол“

Објавено во: Мои пари 28 Мај, 2025 10:11

Добивај вести на Viber

Литературно-музичкиот хепенинг „Читањето е супермоќ“ ќе се одржи на 1 јуни (недела), со почеток во 11 часот, на првиот кат во „Ист гејт мол“. Настанот е во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“, во соработка со „Ист гејт мол“ и „Литература.мк“. Во рамките на хепенингот ќе бидат прогласени и наградени победниците на истоимениот литературен и ликовен конкурс „Читањето е супермоќ“, кој се спроведуваше во градинките и основните училишта низ целата држава.

Во програмата се вклучени музички настапи на талентирани деца и ученици од повеќе градинки и основни училишта од Скопје, како и настап на шампионите во танц – „Денсерс јунајтед“. Ќе следува детската театарска претстава „Рибарот и златната рипка“.

На е-адресата на „Арс Ламина“ пристигнаа 205 литературни и 280 ликовни творби од ученици од прво до деветто одделение, како и од деца од предучилишна возраст.
За најдобрите творби одлучуваше стручно жири. Творбите од децата од градинките ги оценуваше комисија во состав: Билјана Лотеска (воспитувачка и авторка на книги за деца), Цветанка Стоилова (уредничка на списанието „Ѕвезди“), Марија Богоеска-Созданоска (уредничка на изданија за предучилишна возраст во „Арс Ламина“). Ликовните творби на учениците од основните училишта ги оценуваа: Наталија Лукомска (илустраторка), Калиопи Трпчева (сликарка и илустраторка) и Анета Илиевска (графичка дизајнерка и илустраторка). Жирито за литературните творби беше составено од: Владанка Д. Урошева (одделенска наставничка), Викторија Мирческа-Стојческа (лекторка и основачка на Школа за брзо читање и мудро учење), Маја Трајковиќ (библиотекарка во ОУ „Невена Георгиева-Дуња“, Скопје) и Бисера Бендевска (уредничка на детска литература во „Арс Ламина“).

Литературно-музичкиот хепенинг „Читањето е супермоќ“ е завршен настан од истоимената кампања, која издавачката куќа „Арс Ламина“ ја спроведува веќе седма година по ред. Целите на кампањата се: поттикнување на читањето и унапредување на читачките вештини, подигнување на јавната свест за значењето на читањето од најмала возраст, негување на мајчиниот јазик, поддршка на децата со тешкотии во читањето и друго.

*пр објава

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија