29 Јуни, 2024
0.0446

Литванија не се откажува од еврозоната

Објавено во: Свет 31 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Литванија идната година ќе се обиде повторно да се придружи на групата земји ко иго користат еврото, рече шефот на министерот за финансии на еврозоната, Жерон Дијселблом. Литванија е единствената прибалтичка земја која се уште користи сопствена валута, откако осумнаесетта членка на еврозоната на почетокот од оваа година стана Летонија. Во Естонија еврото се користи од јануари 2011 година. Како што пренесе чешкиот сајт lidovky.cz, Литванија изразила намера, на 1. јануари 2015. да се приклучи кон еврозоната, прецизираше Дијселбом по заседанието на министрите за финансии и економија, членки на валутниот блок. Литванија стана членка на ЕУ заедно со уште неколку земји во мај 2004 година. Во втората половина на минатата година, претседаваше со Унијата. Тоа беше првпат, една држава од прибалтичките земји да биде на чело на ЕУ. Земјите на ЕУ мораат за влез во зоната на еврото да ги исполнат т.н. Мастрихтски критериуми на конвергенција. Тие, покрај останатото, пропишуваат дека дефицитот на буџетот не смее да бидепоголем од три отсто од бруто домашниот производ, а јавниот долг од 60 отсто од БДП. Инфлацијата не смее да биде поголема од 1,5 процентни поени во однос на просекот на стапката на инфлација во три земји од Европската унија со најниска стапка на инфлација. Министрите за финансии на еврозоната и Европската централна банка, за евентуалниот прием на Литванија ќе одлучат дури откако Европската комисија, на почетокот од јуни, ќе го објави извештајот со проценка, дали Литванија е подготвена за тој чекор. Литванија еднаш веќе се обиде да влезе во еврозоната. Меѓутоа, ЕК и ЕЦБ во 2006 година ја одбија нејзината кандидатура, бидејќи ја надмина дозволената инфлација.   А.А.

Можеби ќе ве интересира

Бајден по дебатата со Трамп: „Знам дека не сум момче. Влогот е превисок“

Бајден по дебатата со Трамп: „Знам дека не сум момче. Влогот е превисок“

ИМА 1.5 МИЛИОНИ ПРЕГЛЕДИ: Норвежанец направи туристичка реклама во која вели „Дојдете во Осло, без врска е“

ИМА 1.5 МИЛИОНИ ПРЕГЛЕДИ: Норвежанец направи туристичка реклама во која вели „Дојдете во Осло, без врска е“

СТРАШНИ СЦЕНИ ОД ЊУ ДЕЛХИ: Се урна покривот на најголемиот аеродром, метален столб паднал врз такси, има мртви (ФОТО/ВИДЕО)

СТРАШНИ СЦЕНИ ОД ЊУ ДЕЛХИ: Се урна покривот на најголемиот аеродром, метален столб паднал врз такси, има мртви (ФОТО/ВИДЕО)

„ДА НЕ СЕ ОДНЕСУВАМЕ КАКО ДЕЦА“: најбизарниот момент од дебатата Бајден-Трамп „Mоже да одиме на голф ако сам ја носиш торбата“ (ВИДЕО)

„ДА НЕ СЕ ОДНЕСУВАМЕ КАКО ДЕЦА“: најбизарниот момент од дебатата Бајден-Трамп „Mоже да одиме на голф ако сам ја носиш торбата“ (ВИДЕО)

ОСУМ НОВИ ПРАВИЛА ЗА ДОБИВАЊЕ ГЕРМАНСКИ ПАСОШ: Новиот закон стапи на сила вчера, еве што точно се смени

ОСУМ НОВИ ПРАВИЛА ЗА ДОБИВАЊЕ ГЕРМАНСКИ ПАСОШ: Новиот закон стапи на сила вчера, еве што точно се смени

TРЕТА ГОДИНА ПО РЕД: Ова е најдобриот град за живеење во светот

TРЕТА ГОДИНА ПО РЕД: Ова е најдобриот град за живеење во светот

(ВИДЕО) МИНЕСОТА: Куќа падна во река и исчезна за миг

(ВИДЕО) МИНЕСОТА: Куќа падна во река и исчезна за миг

БРАКOT НА КАЈТ И ВИЛИЈАМ НА ТЕСТ: последната фотографија ја открива нивната поврзаност по повеќемесечната борба на принцезата со ракот

БРАКOT НА КАЈТ И ВИЛИЈАМ НА ТЕСТ: последната фотографија ја открива нивната поврзаност по повеќемесечната борба на принцезата со ракот

ЧЕЛИЧНАТА ДАМА НА ЕВРОПА ОД РУСКА ПОТЕРНИЦА: Која е Каја Калас, новиот висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ?

ЧЕЛИЧНАТА ДАМА НА ЕВРОПА ОД РУСКА ПОТЕРНИЦА: Која е Каја Калас, новиот висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ?