ЛИТВАНИЈА ПОМИНА НАЈДОБРО, ШПАНИЈА НАЈЛОШО: Eврозоната со најголем пад од 1995 година
Објавено во: Економија, Корона Вирус 01 Август, 2020
Eврозоната се соочува со огромен пад на економијата.
Најдобро помина Литванија, а најлошо Шпанија.
Ова е најголем пад откако европските статистичари ја следат економската активност од 1995 година.
Бруто домашниот производ се намали за 12,1 процент во вториот квартал од оваа година.
Економијата во цела ЕУ се намали за 11,9 проценти, покажаа првите првични проценки на Европската канцеларија за статистика,Евростат.
Евростат објави прелиминарни проценки за 10 земји членки, вклучувајќи ги Белгија, Чешка, Германија, Шпанија, Франција, Италија, Латвија, Литванија, Австрија и Португалија.
Најмал пад имаше Литванија (-5,1).
Најголем квартален пад на БДП меѓу април и крајот на јуни е забележан во Шпанија -18,5 проценти.
Економиите на Португалија (-14,1), Франција (-13,8), Италија (-12,4), Белгија (-12,2) и Австрија (-10) се намалија за повеќе од 10 проценти. 7) и Германија (-10.1).
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.