Љубе Бошковски: 400.000 евра без покритие има кај ВМРО-ДПМНЕ, не кај мене
Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2019 14:21
Лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски денеска рече дека очекува процесот „Тортура“ да заврши со осудителна пресуда и рече дека неговото апсење во случајот „Кампања“ било, како што вели тој, класична неправда без да биде докажано делото.
-Денес, зад мене се актерите на „Тортура“, моите прогонители и сите тие луѓе кои во еден монтиран полициско-политички процес „Кампања“ за кои целата домашна и меѓународна јавност го осуди како монтиран политички процес, денес се води постапката за моето мачење, за ова што беше како последица на „Кампања, истакна Бошкоски.
Тој рече дека државниот ревизор открил 400.000 евра непокриени во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за последните претседателски избори, а не кај Обединети за Македонија и дека се надева дека тоа ќе биде процесуирано, додека неговата кампања, како што вели тој, била монтирана. Тој очекува органите на прогонот, во една транспарентна судска постапка да спроведат истрага и доколку ја докажат вината, виновницитеда ги изнесат пред судот за овие 400 000 евра
- Во мојот случај во 2011 година, ниту форезничарите од Гордана Јанкулоска која ја гледам зад мене, ниту докажаа, дека јас на ниту кој било начин сум имал допир со парите, ниту докажаа дека тие пари се употребени во „Кампања“ и ме апсат за монтирано дело по завршувањето на кампањата и ме осудуваат на 5 години затвор, рече Бошковски.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




