18 Декември, 2025
0.0653

Љубен Арнаудов гласаше за уставни измени, ама со тоа не избегна кривична од охридската полиција

Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2018 08:33

Добивај вести на Viber


СВР Охрид поднесе кривична пријава против О.Л.(50) од Струга, шеф на отсек за комерција и јавни набавки во Општата болница Охрид, поради сомневање за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување", како и против М.К. (59) од Охрид, помошник директор за економски работи и против Љ.А. (60) од Охрид, поранешен в.д. директор во Општа болница Охрид поради сомневање за сторено кривично дело „несовесно работење во службата".

Како што соопшти МВР, во годишниот план за јавна набавка за 2015 година во Општата болница за набавка на канцелариски материјали биле одобрени 1,8 милиони денари, додека О.Л. изготвила одлука за два милиони денари.

„По спроведената јавна набавка биле потрошени, 2.186.346 денари, односно 386.346 денари повеќе од предвидената сума, а второ и трето пријавените дозволиле тие да бидат исплатени“, наведуваат од МВР. 

Љубен Арнаудов е поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, сега член на новоформираната група на пратеници кои гласаа за уставните промени, и еден од обвинетите за собраниските настани на 27 април минатата година.


Можеби ќе ве интересира

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив