18 Декември, 2025
0.0488

Људмил Спасов: Помалку уписи има и на албански и турски јазик

Објавено во: Македонија 10 Септември, 2022 15:15

Добивај вести на Viber

Откако беше објавено дека на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, по првиот уписен рок за студенти за новата академска година се запишале само 16 студенти, се произбесе и проф. д-р Људмил Спасов.

- Се помалку има и на албански и турски. Факултетот е пазар на знаењето, пазар на науката, рече Спасов во вестите на Канал 5.

Тој е редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. На нашата научна и културна јавност ѝ е познат како плоден автор од областа на науката за јазикот, како и од областа на науката за литературата.

Искра Пановска - Димковска, декан на катедрата по македонски јазик, вели дека лани се запишале 22 студенти по македонски јазик, а сега осум

- Секаде опаѓа интересот за изучување на мајчин и тоа не ништо ново, но има земји каде се обезбедуваат стипендии и се посегнува по маркетинг, вели Пановска - Димовска во вестите на „Телма“.

Анета Дучевска, декан на „Блаже Коневски“ пак смета дека има голем број на уписи на приватните универзитети, а и државата не го донела Законот за македонски јазик со кој ќе било задолжително зголемувањето на бројот на вработени лектори.

На насоките Македонски јазик и Македонска книжевност и јужнословенски книжевности, вкупно се запишале само 15 редовни и еден вонреден студент. Осуммина од нив ќе студираат Македонски јазик, седуммина Македонска книжевност и јужнословенски книжевности, а вонредниот студент е запишан на отсекот за книжевност.

На објавениот конкурс за оваа академска година, на овие две насоки факултетот имаше 190 слободни места.


Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми