Љупчо Николовски: Субвенциите за зелена нафта од 30 на 50 отсто
Објавено во: Агробизнис 01 Февруари, 2020 16:55
Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, денеска најави дека трошоците за зелена нафта ќе бидеат зголемени од сегашните 30 на 50 отсто во мај доколку владеачката партија победи на парламентарните избори.
Ова беше истакнато на денешната трибина во Струмица под името „Агенда 20-24“, посветена на земјоделството.
Николовски пред присутните посочи дека со оваа мерка досега се опфатени околу 55.000 земјоделци кои имаат намалени трошоци за производство.
Тој додаде дека е одобрен нов грант од Светска банка во виусина од 46 милиони евра за модернизација за земјоделството, со кој ќе меѓудругото ќе се градат три модерни откупно дистрибутивни центри во Скопје, Ресен и во Струмица.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





