20 Декември, 2025
0.0482

Бизнис Конфедерација на Македонија на средба со компаниите

Лојална конкуренција и еднакви развојни можности бараат компаниите од охридско – струшкиот регион

Објавено во: Мои пари 28 Февруари, 2017 15:31

Добивај вести на Viber

Најголемите проблеми за компаниите од охридско – струшкиот регион се нелојалната конкуренција, нееднаквите можности за водење бизнис, а најголемото очекување е развој и подобрување на локалната инфраструктура. Ова се заклучоците од деловната средба  организирана од Бизнис Конфедерација на Македонија со претприемачите и претставниците на микро, малите и средните компании од овој регион.

На средбата подеднакво се дискутираше и за поставувањето приоритети и изнаоѓање решенија за подобрување на бизнис климата во Македонија и создавањето на одржлив бизнис и деловност за компаниите.

Ова ни е веќе втора средба со локалните компании од одредени региони во земјата. Покрај извесни проблеми и предизвици со кои се соочуваат подеднакво сите, сепак со ваквите непосредни средби и разговори, се издвојуваат пречки што се типични за различни услужни дејности и производни сектори. Со оглед на индустриската гранка која што е најзастапена во охридско – струшкиот регион, проблемите на претприемачите на овие компании се издвојуваат по својата специфичност, а  нивните барања и приоритети се дефинираат врз основа на секторот каде припаѓаат. Тоа нас ни дава насоки и прецизни одредници како и каде да делуваме, што да направиме и заедно со локалната бизнис заедница, да создадеме услови за подобар и непречен развој“, изјави Миле Бошков, Претседател на Бизнис Конфедерација на Македонија.

Со цел надминување на проблемите со кои се соочуваат компаниите, Бизнис Конфедерација на Македонија изработи платформа од предлог политики и стратегии базирани на најпроблематичните точки во работата на деловните субјекти. Владеење на правото, Пристап до финансии, Претприемачка култура, Лојална конкуренција и Овозможувачка правна и регулаторна средина се насловите на овие платформи.

Создавањето на предлог политиките како и организацијата на настанот се поддржани од проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот. Бизнис Конфедерација на Македонија продолжува со промотивни настани и средба со локалните компании во повеќе градови од државата со што ќе бидат вклучени голем број сопственици, претприемачи и менаџери со цел подобрување на бизнис климата во земјата.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии