Обновено: Изгаснат пожарот во Главната пошта, штетите допрва ќе се утврдуваат
Објавено во: Мои пари 15 Јануари, 2013 20:11
По повеќе часовна борба со огнената стихија, пожарникарите успеаја да го изгаснат пожарот што избувна попладнево во 16.20 часот во дирекцијата на Македонски пошти во центарот на Скопје.
Според првичните информации опожарени се дел од фоајето и неколку катови од објектот. Поради гушење едно лице е пренесено во скопската клиниката за хирушки болести , а според информации од клиниката станува збор за маж на околу 35 години кој е во стабилна здравствена состојба. Инаку според првичните информации, пожарот избувнал во салата каде што се наоѓаат серверите на Македонски пошти. Како што изјави директорот на Македонски пошти Рафис Аљити, кој во моментот на избувнување на пожарот бил во зградата, вработените веднаш биле евакуирани,а една службеничка била евакуирана преку прозорецот од третиот кат со помош на скали.Очевидци тврдат дека пред избувнувањето на пожарот слушнале силна експлозија, а според првичните сознанија на полицијата пожарот најпрво избувнал на кровот од зградата.
Целиот простор околу Главната пошта беше блокиран за сообраќај, освен за противпожарните возила и возилата на Итната медицинска помош.
Материјалната штета допрва ќе се пресметува.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје
НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker
Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници





